Годишно од рак умираат речиси 3.900 граѓани во земјава. Мажите почесто заболуваат од канцер на белите дробови, додека жените од рак на дојка. Загрижувачки се податоците на Институтот за јавно здравје.
-
Македонија 06.02.2018 14:22
-
Македонија 06.02.2018 13:55
Ново рочиште за случајот „Сопот“ на 2-ри март
Судењето за случајот „Сопот“ поради смена на судечкиот совет, почна од почеток. Шестмина од 10 обвинети, присутни на судењето се изјаснија дека го разбираат обвинението и остануваат на тоа што го кажале на претходните рочишта.
-
Македонија 06.02.2018 13:23
Метео: Утре повремени врнежи од дожд
Утре во Македонија се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има врнежи од снег.
Повеќе врнежи се очекуваат во попладневните часови особено во западните делови каде што локално ќе наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен.
-
Македонија 06.02.2018 12:59
Хан и Могерини ќе ја презентираат Стратегијата за Западен Балкан
Европската унија сака да ја врати довербата во процесот на проширување кон сите држави од Западен Балкан и на најнапредните земји во тој процес да им понуди можна временска рамка, според која, кон крајот на 2025-та година би можеле да станат членки на Европската унија.
-
Македонија 06.02.2018 11:08
Мицкоски во работна посета на САД
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со партиска делегација, во неколкудневна работна посета на Соединетите Американски Држави. Ќе бидат реализирани средби со претставници на Белата куќа, Стејт Департментот, со членови на Претставничкиот дом и на Сенатот.
-
Македонија 06.02.2018 11:03
Владата ќе расправа за ЕУ и НАТО интеграцијата
Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 53-та седница, на чиј дневен ред се 73 точки.
-
Македонија 06.02.2018 10:58
ВМРО-ДПМНЕ: Што договорил Заев во Давос со Ципрас?
Што договорил Заев во Давос на средбата со грчкиот премиер Ципрас? Зошто грчките власти инсистираат да не се излегува од рамката на договорот? Што се крие од македонската јавност- прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 06.02.2018 10:54
Водостоите на реките двојно зголемени
Водостоите на сите реки во Македонија со исклучок на Црн Дрим и Брегалница се високи по обилните врнежи од дожд.
-
Македонија 06.02.2018 10:41
Рочиште за случајот „Сопот“ во Кривичен суд
Во Кривичниот суд е закажано рочиште за случајот „Сопот“. Случајот е од 2003-та година, кога загинаа двајца полски војници и еден македонски државјанин, откако теренско возило на НАТО нагази на мина.
-
Македонија 06.02.2018 10:16
ЕК ќе ја презентира Стратегијата за Западен Балкан
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и шефицата на дипломатијата, Федерика Могерини ќе ја презентираат Стратегијата за Западен Балкан.










