Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, а наместа влажни на планинските осојничави места. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
-
Македонија 24.01.2018 08:16
-
Македонија 24.01.2018 08:14
Средба Заев- Ципрас во Давос
На маргините на Светскиот економски форум во Давос е најавена македонско- грчка средба на премиерско ниво. Се очекува во денешната агенда на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да се најдат прашања поврзани со преговорите за името.
-
Македонија 23.01.2018 16:45
Комисиска дебата за кратењето на патните трошоци на пратениците
Измените на Законот за намалување на средствата за патни трошоци ги обединија пратениците. Ги обвинија медиумите дека пратениците и нивните патни трошоци се тема која се провлекува со години и на тој начин им се урива авторитетот.
-
Македонија 23.01.2018 16:06
Два нови случаи на морбили, грипот сѐ уште е со ниска активност
Шестмесечно бебе од Куманово и 40- годишен маж од Скопје заразени од мали сипаници. Поради возраста, бебето сѐ уште не било вакцинирано. Хоспитализирано е со тешка клиничка слика, но сега е во подобра здравствена состојба.
-
Македонија 23.01.2018 14:00
Димитров ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос
Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 24 до 26 јануари, на покана од претседателот на Светскиот економски форум (СЕФ) и член на Управниот одбор, Борге Бренде, ќе учествува на 48-от годишен состанок на СЕФ, што ќе се одржи во Давос, Швајцарија.
-
Македонија 23.01.2018 13:56
Одложени рочиштата за три предмети на СЈО
Во Кривичниот суд неколку рочишта за предмети на Специјалното јавно обвинителство. „Шпион“, „Труст“ и „Транспортер“ со нови одложувања.
-
Македонија 23.01.2018 13:42
Скопје и Атина фокусирани на Давос
Утре во Давос, средба на македонскиот и на грчкиот премиер Заев и Ципрас. Разговорите ќе покажат во која насока се движиме, став на Владата во Атина. Очекувањата се да има напредок во насока на изнаоѓање на едно заемно прифатливо решение.
-
Македонија 23.01.2018 13:39
Метео: Утре сончево со мала до умерена облачност
Утре во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Во наредните денови ќе има услови за појава на магла по одделни котлини. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури благо ќе се зголемат.
-
Македонија 23.01.2018 12:57
Законот за употреба на јазиците повторно пред пратениците
Претседателот Иванов спорните членови и забелешките на Законот за употреба на јазиците ги образложи на 14 страници. Според него називот на Законот не е во согласност со Уставот.
-
Македонија 23.01.2018 11:41
Јовески: Партиите да не се мешаат во јавно- обвинителската работа
Политичките партии да не вршат притисок и да не се мешаат во вршењето на јавно-обвинителската работа, како што е случајот деновиве.










