Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средба со амбасадорите на земјите- членки на Европската унија во Република Македонија. Димитров ги информираше ЕУ амбасадорите за актуелните случувања и текот на отпочнатите реформи во Република Македонија.
-
Македонија 22.01.2018 12:21
-
Македонија 22.01.2018 12:05
Напредокот во евроинтеграцијата на дневен ред на седница на Владата
Напредокот на процесот за европска интеграција денеска во фокус на седницата на Владата на Република Македонија.
-
Македонија 22.01.2018 11:37
Климатските промени го уништуваат родот
Прогнозите за влијанието на климатските промени навестуваат намалување на приносите и квалитетот на родот. Најмногу кај овошјето, грозјето и зеленчукот. Последиците веќе се чувствуваат.
-
Македонија 22.01.2018 11:27
Укината забраната за камиони преку превојот Стража
Претпладне во 10:50 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планининскиот превој Стража, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Забраната беше воведена синоќа околу 22 часот.
-
Македонија 22.01.2018 10:48
Одложено судењето на дедото на Тамара
За 14-ти февруари одложено е судењето на Љупчо Стојановски, дедото на починатата Тамара, кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Апелациониот суд наложи да се проверат лиценците на вештаците.
-
Македонија 22.01.2018 10:40
Почна второто полугодие во училиштата
За околу 270 илјади основци и средношколци почнува второто полугодие од учебната 2017-2018 година. Заврши тринеделниот зимски распуст.
-
Македонија 22.01.2018 10:37
Почна закројувањето на виновата лоза
Се кројат лозјата во Тиквешко. Голем дел од лозарите мораат да брзаат и не можат да го чекаат „Свети Трифун“ кога симболично почнува закројувањето. Причината е што имаат поголеми плантажи и поволните временски услови. -
Македонија 22.01.2018 09:58
Забрана за тешки товарни возила на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашаст снег. Забрана за тешки товарни возила има на планинскиот премин Стража, додека забраната на преминот Маврово е укината.
-
Македонија 20.01.2018 10:46
Хојт Ји: Шанса да се реши прашањето за името
Македонија и Грција имаат вистинска можност да постигнат договор за прашањето за името.
-
Македонија 20.01.2018 10:37
Нимиц: Обезбеден идентитетот со новиот предлог
Посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, во интервју за телевизија „Сител“ вели дека, во новиот пакет предлози на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, идентитетот на државата и народот е безбеден и верува дека со неговите идеи, тој е повеќе зајакнат отколку оштетен.








