Во катлановско Блаце, на местото каде што пред десет години се случи хеликоптерската несреќа, во која загинаа 11 македонски мировници, цвеќиња положија нивните најблиски, делегации од Министерството за одбрана, од генералштабот, од Кабинетот на претседателот.
-
Македонија 12.01.2018 14:48
-
Македонија 12.01.2018 14:36
Василевски не дојде на седницата на која се разгледуваше неговата жалба
Пратеникот Сашо Василевски не дојде на јавната седница. Побарал неговиот адвокат да образложи зошто пред скопска Апелација ја обжалува одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворот.
-
Македонија 12.01.2018 14:01
ОЈО отвори истрага за Дрисла по допрен глас
Скопското Основно јавно обвинителсто по допрен глас отвори предмет за кривично дело- загадување на животната средина и природата.
-
Македонија 12.01.2018 13:58
Богојавление Водици- неработен ден за граѓаните од православната вероисповед
Петок, 19 јануари 2018 година е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија, информираше денеска Министерство за труд и социјална политика.
-
Македонија 12.01.2018 13:18
Шилегов: Средните училишта ќе имаат нови фасади
Градските власти на Скопје пренаменија 70 милиони денари од проектот „Скопје 2014“ за изградба на енергетски ефикасни фасади во сите средни училишта во Скопје. Дополнителни 20 милиони ќе бидат потрошени за нивно доопремување и уредување на внатрешната инфраструктура.
-
Македонија 12.01.2018 13:11
КСС: Протест пред Владата на 17-ти јануари
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара најдоцна до 16-ти јануари работна средба со претседателот на Владата или од него овластени претставници, за договарање заеднички решенија за надминување на состојбите кои се причина за организирање на јавниот предупредувачки протест.
-
Македонија 12.01.2018 13:03
Десет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце
Десет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце каде што загинаа 11 македонски мировници. На спомен- обележјето цвеќиња положија семејствата на загинатите, министерката за одбрана Шеќеринска, делегации од генералштабот, од Кабинетот на претседателот и од општина Илинден.
-
Македонија 12.01.2018 12:40
Приведен еден од осомничените за собраниските настани кој се бараше со меѓународна потерница
Полицијата синоќа го привела Младен Додевски, еден од осомничените за насилствата во Собранието на 27-ми април, кој се бараше со меѓународна потерница.
Според полициски извори Додевски се криел во внатрешноста на земјава, а наводно бил приведен пред ресторан во Скопје.
-
Македонија 12.01.2018 12:38
Апелација ќе расправа за жалбата на пратеникот Сашо Василевски
Во Апелациониот суд за денеска е најавена уште една јавна седница на која ќе се расправа по жалбата за продолжениот притвор на пратеникот Сашо Василевски.
-
Македонија 12.01.2018 11:57
ВМРО-ДПМНЕ ќе избира нов Извршен комитет
ВМРО-ДПМНЕ вечер ќе го избира новиот Извршен комитет на партијата. Според информациите, предходно ќе биде свикaн Централниот комитет кој треба да одлучи кој ќе членува во извршното тело на партијата.










