Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Во западните делови ќе има повремени локални врнежи од снег со послаб интензитет особено претпладне.
Попладне на повеќе места се очекува намалување на облачноста со сончеви периоди.
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Во западните делови ќе има повремени локални врнежи од снег со послаб интензитет особено претпладне.
Попладне на повеќе места се очекува намалување на облачноста со сончеви периоди.
СВР Битола поднесе кривични пријави против петмина поранешни и актуелни директори во РЕК Битола и против АД ЕЛЕМ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и на природата“.
Специјалниот посредник на Генералниот секретар на Обединетите нации во разговорите за разликата за името, Метју Нимиц денеска претпладнево ја почна заедничката средба со министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во канцеларијата на ОН во Виена.
Грипот зема замав, на удар се децата. Лекарите предупредуваат- честопати и обична настинка може да предизвика тешки респираторни инфекции. Во Институтот за белодробни заболувања- Козле дневно има по 100-ина амбулантски прегледи. Околу 90-тина деца се хоспитализирани.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а поради појава на магла видливоста е намалена до 100 метри на планинскиот премин Стража и на 30 до 40 метри на планинскиот премин Ѓавато, информира ЈП Македонијапат.
За 20-ти февруари е одложено судењето за случајот „Труст“ на СЈО, поради отсуство на еден од адвокатите на обвинетите. Адвокатката Сања Алексиќ поради болест била оправдано отсутна од рочиштето.
Состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО, како и статус на реализација на Рамковниот договор ќе бидат разгледани како пред точки на 54-та седница на Владата на Републ
Нова рунда преговори за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција на ниво на министри за надворешни работи под посредништво на медијаторот Метју Нимиц се одржуваат денеска во Виена.
На патниот правец крак Маврово- Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила, информира Македонија пат.
Забраната, како што посочуваат, е воведена во 10:15 часот.
Поддршка во процесот за решавање на спорот со Грција вчера даде и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган на средбата со премиерот Зоран Заев. Оценил дека тоа е добро за Балканот и за евроатлантските перспективи на Република Македонија.