Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Во утринските часови на места ќе има појава на локален дожд и слаб снег на планините.
Попладне облачноста ќе се намали и ќе настапи стабилизирање на атмосферата.
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Во утринските часови на места ќе има појава на локален дожд и слаб снег на планините.
Попладне облачноста ќе се намали и ќе настапи стабилизирање на атмосферата.
Претседателот на Собраниската група за пријателство со САД, пратеникот Артан Груби, и воедно претседател и на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, ја продолжи службената посета на САД со средби со повеќе свои колеги во Конгресот.
Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Вашингтон остварил работна средба со Метју Палмер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, кој е дојден на местото на Хојт Ји во Стејт Департментот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија- Европска Унија, по подолго време ќе се одржи денес и утре во Европскиот Парламент во Стразбур.
Владата не открива повеќе детали по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека се подготвени за име со географска одредница. Остануваат дискретни по прашањето за да не му наштетат на преговарачкиот процес.
Постапката за преименување на автопатот „Александар Македонски“ на Коридорот 10 и на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе почне по објавување на владината одлука во „Службен весник“.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во Европскиот Парламент во Стразбур ќе учествува во работата на 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија- Европска Унија, соопшти МНР.
Косовското Министертво за финансии ја реализираше одлуката на Владата за загинатите и осудените за настаните во кумановската „Дива населба“ во мај 2015-та година.
Се надеваме дека ова ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народа, се вели во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи во кое се поздравува одлуката на македонската Влада да ги преименува автопатот и аеродромот.
Премиерот Зоран Заев кажа дека тој е подготвен за име со географска одредница, но треба да ја информира јавноста кое е тоа име, дали ќе има англиска транскрипција и дали е само за меѓународна употреба, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.