Во Македонија од утре до петок се очекуваат обилни врнежи од дожд кои најинтензивни ќе бидат во јужните и западните делови каде локално може да наврнат и до 70 литри на метар квадратен. Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи.
-
Македонија 14.11.2017 12:21
-
Македонија 14.11.2017 12:16
Случај „Труст“: Почна главната расправа, СЈО ѝ ги достави доказите на одбраната
Во Кривичниот суд рочиште за случајот „Труст“ во кој се обвинети бизнисменот Сеад Кочан и уште две лица. Се товарат за фалсификување документација за добивање тендер од ЕЛЕМ во 2011-та година.
-
Македонија 14.11.2017 09:57
Османи и Димитров на средба со Могерини
Вицепремиерот Османи и министерот за надворешни работи Димитров, во Брисел на средба со потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка за надворешна и безбедносна политика, Могерини.
-
Македонија 14.11.2017 09:45
Клиничките болници од Битола, Лерин и Корча ќе соработуваат во областа на хирургијата
Битолската клиничка и болниците од Корча и Лерин со помош на едукатори од ЕУ ќе изучуваат и воведуваат нови методи во хирушката медицина.
-
Македонија 14.11.2017 09:38
Градоначалникот на Прилеп вети помош за обнова на домот на семејството Стеваноски
Прво чад во дневната соба кај телевизорот, а потоа паника. Повик за помош, но огнената стихија била без милост. Прилепското семејство Стеваноски во неделната ноќ остана без покуќнина, без сѐ што со години печалеле. Пожарот им ја изгорел целата внатрешност на семејната куќа.
-
Македонија 14.11.2017 09:28
Заврши жетвата на оризот, откупот неизвесен
Заврши годинешната жетва на оризот. Временските услови за разлика од другите култури за оризот беа поволни во текот на целата вегетацијата.
Површината под оризова арпа за оваа година во кочанско изнесуваше 2.950 хектари, а вкупниот принос е 12.700 тони.
-
Македонија 14.11.2017 09:25
Продолжува собраниската расправа за Законот за јазиците
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците во прво читање.
-
Македонија 14.11.2017 09:21
Нов обид за почеток на судењето за случајот „Труст“
Во Кривичниот суд нов обид за почеток на судењето за случајот „Труст“ во кој обвинет е бизнисменот Сеад Кочан. Предходното рочиште беше одложено бидејќи одбраната побара време за да направи увид во доказите што ги предлага Специјалното јавно обвинителство.
-
Македонија 14.11.2017 09:18
Заев: На 20-ти или 21-ви ноември средба на Нимиц со преговарачите
На вториот ден од посетата на Словенија, премиерот Заев на работен појадок со делегација на словенечки стопанственици. Претседателот на Владата ќе се сретне и со претседателот на Државниот збор, Милан Брглез, како и со словенечкиот претседател Борут Пахор.
-
Македонија 13.11.2017 16:31
Скопје го одбележа Денот на ослободувањето
Во историјата на Скопје имало разни ослободувања, но ова ослободување македонскиот народ го извојувало со сопствени сили, со формирањето на повеќе скопски одреди и бригади во текот на војната.










