Националното Собрание на Бугарија едногласно го ратификува договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија. Во салата беше присутен и македонскиот амбасадор во Бугарија, Маријан Ѓорчев.
-
Македонија 18.01.2018 14:50
-
Македонија 18.01.2018 14:44
Столтенберг: Пред седиштето на НАТО сѐ уште има место за нови знамиња
Сѐ уште има место за нови знамиња пред седиштето на НАТО, Алијансата е отворена за нови членки, Македонија треба да ја искористи шансата за прием, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред пратениците во Собранието.
-
Македонија 18.01.2018 14:39
Метео: Утре сончево и студено, за викендот нов влажен бран
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со студено утро кое ќе донесе негативни утрински температури насекаде низ земјата.
Најниската минимална температура ќе падне на -8 степени. Во текот на денот ќе има појава на умерена облачност, а ќе дува и повремено умерен јужен ветер.
-
Македонија 18.01.2018 13:09
Столтенберг: Вратата на НАТО отворена за реформите
Вратата на НАТО е отворена за реформите. Земјите- членки на Алијансата се импресионирани од напредокот, обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Собранието.
-
Македонија 18.01.2018 12:54
Османи: Добро е што има нов предлог
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи не го коментира последниот предлог на Нимиц за името, сѐ додека не биде разгледан и не се изгради заеднички став. Сепак, нагласи дека е добро што има нов предлог.
-
Македонија 18.01.2018 12:36
ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе лежат во притвор, обвинителството ништо не работи
Срамна, правно неоснована и политичка е одлуката на Апелациониот суд да го продолжи притворот на пратеникот Крсто Мукоски. Целосно се неаргументирани и притворите за преостанатите осомничени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 18.01.2018 12:33
Димовски на распит за собраниските настани
Пратеникот од Социјалистичката партија, Љупчо Димовски, поканет на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција да даде исказ за собраниските настани од 27-ми април.
-
Македонија 18.01.2018 12:27
Народното собрание на Бугарија го ратификува Договорот со Македонија
Бугарското Народно собрание едногласно го ратификува Договорот за добрососедство и соработка со Македонија. Беше поддржан од сите параламентарни партии и на вчерашните седници на Комисиите за надворешна политика и за европски прашања.
-
Македонија 18.01.2018 12:17
Шекеринска- Столтенберг: Местото на Македонија е во НАТО
Македонија покажа дека има капацитет да спроведе реформи во духот на вредностите на НАТО, да се фокусира на демократските процеси, реформите во одбраната, да ги унапреди добрососедските односи и да стане фактор на стабилност во регионот.
-
Македонија 18.01.2018 12:05
Иванов до Столтенберг: Македонија да го добие одамна заслуженото членство во НАТО
Македонските евроинтеграции, реформите во одбраната и безбедноста и соработката со НАТО, теми на разговорот меѓу претседателот Иванов и генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг.










