Метео: Утре сончево и студено, за викендот нов влажен бран

18.01.2018 14:39

Најниската минимална температура ќе падне на -8 степени. Во текот на денот ќе има појава на умерена облачност, а ќе дува и повремено умерен јужен ветер.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со студено утро кое ќе донесе негативни утрински температури насекаде низ земјата.

Најниската минимална температура ќе падне на -8 степени. Во текот на денот ќе има појава на умерена облачност, а ќе дува и повремено умерен јужен ветер.

За време на викендот се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд кои се очекуваат во сабота попладне. На планините ќе има услови за слаб снег.

Во недела кон крајот на денот можни се врнежи од снег и на некои повисоки места. Од понеделник следува период на постабилно време.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска