Вонредниот 16-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи.
-
Македонија 21.12.2017 12:52
-
Македонија 21.12.2017 12:28
Судењето за „Топлик“ одложено за 30-ти јануари
Денешното рочиште за предметот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 30-ти јануари идната година. Причина е спреченоста да присуствуваат адвокатите на одбраната на ексминистерот Миле Јанакиески, кој е обвинет заедно со уште пет лица.
-
Македонија 21.12.2017 10:49
Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат четири парламентарни тела, комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт, врски и екологија, за труд и социјална политика и законодавно- правната комисија.
-
Македонија 21.12.2017 10:35
Продолжи судењето за случајот „Труст“
Со вкрстено испрашување на вештак, во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот на СЈО- „Труст“. Првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на АД ЕЛЕМ.
-
Македонија 21.12.2017 10:30
Се утврдуваат причините за убиството во Чаир
Убиство во Чаир, застрелано е 24- годишно момче. Настанот се случил во непосредна близина на местото каде што живеела жртвата, на улицата „Џон Кенеди“ спроти средното училиште „Цветан Димов“.
-
Македонија 21.12.2017 10:18
Почнува зимата
Попладне во 17 часот и 28 минути на северната хемисфера почнува календарски зимата, а на јужната летото. Зимата ќе трае 89 дена, до 20-ти март, во 17 часот и 15 минути.
-
Македонија 21.12.2017 10:01
Времена измена на сообраќај на патот Кичево- Охрид
Времена измена на сообраќајот со преминување од една коловозна лента во друга, е воведена денеска на магистралниот пат Кичево- Охрид, на делницата од Пресека до Песочан.
Како што соопшти „Македонија пат“, за воведувањето на измената веќе е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
-
Македонија 21.12.2017 09:33
Рочиште за случајот „Топлик“ во Кривичен суд
Во Основниот суд Скопје-1 за денеска е закажано рочиште за предметот на СЈО „Топлик“, за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште, во кој осомничени се шест лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
-
Македонија 20.12.2017 16:22
Со проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“ градот ќе ја збогати новогодишната понуда
„Од 20-ти до 20-ти-сите во Охрид“ е проектот преку кој најголемиот македонски туристички центар ќе започне да креира нова новогодишна понуда, чија цел е продолжување на туристичката сезона.
-
Македонија 20.12.2017 15:59
Граѓаните кои не користат парно и понатаму ќе плаќаат паушал
Искучените од системот за парно греење и натаму ќе плаќаат паушал. Се работи за околу 12 илјади домаќинства.










