Македонија заслужува да стане членка на НАТО, и наскоро да добие датум за преговори со ЕУ, оценил турскиот вицепремиер Хакан Чавушоглу при средбата во македонската влада со премиерот Зоран Заев.
-
Македонија 21.12.2017 16:59
-
Македонија 21.12.2017 16:52
Поделеност околу потребата од измени на Законот за медиуми
Поделеност за потребата од измени на законот за медиуми. Медиумските работници кои сметаат дека нема потреба, велат дека повеќе закони значат помалку слобода за медиумите. Дел сметаат дека треба да има регулација на он-лајн медиумите.
-
Македонија 21.12.2017 16:24
Нема договор меѓу Заев и Села, Алијанса на Албанците инсистира на министерско место во здравство
Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села не се откажува од Министерството за здравство. По средбата со премиерот Зоран Заев на која се разговарало за испразнетите ресори, рече дека својот конечен став за останувањето во коалицијата ќе го соопшти по изборот на нов министер.
-
Македонија 21.12.2017 16:03
Над три илјади кандидати на конкурсот за полицајци
Над три илјади кандидати се пријавиле на конкурсот за полицајци. Почна физичката селекција. Обуката ќе ја следат 500 кандидати.
Иако е голем интересот, министерот Спасовски посочи дека кандидатите што ќе почнат со обука мора да ги исполнуваат сите критериуми наведени во конкурсот.
-
Македонија 21.12.2017 16:00
Тројца приведени за убиството во Чаир
Полицијата привела тројца осомничени за убиството во Чаир. Најдено е возилото „Југо“ од кое е извршено убиството. Од местото на настанот се подигнати 20 чаури, четири зрнца и два мобилни телефона, информира министерот за внатрешни работи Спасовски.
-
Македонија 21.12.2017 15:26
Метео: Сончево и студено, температура до седум степени
Утрешниот ден во Македонија ќе донесе сончево и студено време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
-
Македонија 21.12.2017 15:03
Османи: 2018-та е историска година за евроинтеграциските процеси
Следната, 2018-та е историска година за евроинтеграциските процеси во Република Македонија, кога, како никогаш порано, ни се отвора прозорец на можности за да направиме сериозен исчекор и конечно, да ги затвориме прашањата за ЕУ и НАТО, изјави вицепремиерот Бујар Османи на отворањето на работилни
-
Македонија 21.12.2017 14:59
Средба Заев- Села
Ќе остане ли Алијансата на албанците на Зијадин Села коалициски партнер во Владата на премиерот Заев, ќе биде појасно по средбата, која се одржува во Владата.
-
Македонија 21.12.2017 14:42
Ќе се формира тело за судска етика
Судиите во Македонија ќе формираат тело за судска етика по теркот на холандското. Се планира во наредните 15 месеци да ја подигне свеста кај судиите. Сепак, ќе може да дава само мислења за етичката одговорност.
-
Македонија 21.12.2017 13:54
Транспарентност во јавните набавки: Четири министерства најслабо рангирани
Министерствата за внатрешни работи, за здравство, за земјоделство и за образование се најниско рангирани институции според критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки.










