Претседателот Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до неговиот мексикански колега, Енрике Пења Нието. Жали за загубените животи во катастрофалниот земјотрес.
-
Македонија 20.09.2017 13:47
-
Македонија 20.09.2017 13:30
ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев призна дека влијаел на тендерите
Анѓушев потврди дека ја користи функцијата вицепремиер во владата за да влијае врз тендерските постапки распишани од државните претпријатија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е само доказ дека со право реагиравме за злоупотреба на неговата службена положба, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 20.09.2017 12:50
Почна собирањето потписи за референдум за зголемување на породилното отсуство
Во подрачните канцеларии на ДИК, почна собирањето на потребните 10 илјади потписи за распишување референдум што го покренува граѓанската иницијатива 450 породилно.
-
Македонија 20.09.2017 12:32
Ермира Асани Салија од БЕСА предложена за нов члeн на ДИК
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата го утврди предлогот на движењето БЕСА, Ермира Асани Салија да биде нов член на Државната изборна комисија. Доаѓа на местото на Бедредин Ибрахими од ДПА, бидејќи БЕСА е 4-та партија според бројот на пратеници во Собранието.
-
Македонија 20.09.2017 12:11
Шекеринска: Должни сме да го одржиме сеќавањето на загинатите бранители
Должни сме како граѓани за чија безбедност и иднина ги положиле животите припадници на оружените сили, да го одржиме сеќавањето на нив, рече министерката за одбрана Шекеринска на отворањето на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Херои на Македонија 2001“, што се одржува во чест на загинатите бран
-
Македонија 20.09.2017 11:27
Заев ќе учествува на Глобалниот бизнис форум на Блумберг
Премиерот Заев денеска во Њујорк ќе учествува на Глобалниот бизнис форум на Блумберг, на кој ќе учествуваат шефови на држави и влади, како и претставници на најголемите светски компании.
-
Македонија 20.09.2017 11:09
Заев- Солберг: Поддршка за интеграциите на Македонија
Премиерот Зоран Заев во рамки на активностите за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, вчера се сретна со норвешката колешка Ерна Солберг, која ги поздрави реформските чекори на новата Влада во Македонија, соопшти владината прес- служба.
-
Македонија 20.09.2017 10:58
Земјотрес со интензитет од три степени утринава во Охрид
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала утринава е почувствуван во Охридскиот регион, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-
Македонија 20.09.2017 10:52
Продолжува расправата за Предлог- законот за употреба на јазиците
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 15-тата седница треба да ја продолжи расправата по Предлог- законот за употреба на јазиците.
-
Македонија 20.09.2017 10:49
Владата го усвои Предлог- законот за амнестија
Владата го усвои Предлог- законот за амнестија, ќе оди во редовна постапка. Со него нема да бидат опфатени лица осудени на доживотен затвор и за тешки кривични дела, велат од Владата.









