Сончевото и надпросечно топло време во Македонија ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.
-
Македонија 18.09.2017 16:55
-
Македонија 18.09.2017 16:24
Прв академски час на Факултетот за безбедност во Скопје
„Голема привилегија е да се биде студент на Факултетот за безбедност во Скопје и јас верувам дека го направив вистинскиот избор“, вели најдобро рангираниот студент, Моника Тодорова која е ослободена од трошоците за студирање.
-
Македонија 18.09.2017 15:41
Евроинтеграции: Трета средба Македонија- Црна Гора
Македонија и Црна Гора со размена на искуства ќе соработуваат на побрза интеграција во Европската унија, заклучија македонскиот и црногорскиот министер за евроинтеграции на третата редовна средба во Скопје.
-
Македонија 18.09.2017 15:18
Врховен суд: Расправа за имотот на ВМРО-ДПМНЕ
Врховниот суд во наредните денови треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето за заштита на законитоста поднесена од Специјалното јавно обвинителство за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 18.09.2017 15:02
Шеќеринска- Каракачанов: Поддршка за членство на Македонија во НАТО
„Бугарија го поддржува државното единство и територијалниот интегритет на Република Македонија. Ние немаме проблеми со името. Го подржуваме членството на Република Македонија во НАТО“, вели министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.
-
Македонија 18.09.2017 14:48
Месецов две исплати на социјална парична помош и надоместок за туѓа нега
Корисниците на социјална парична помош и туѓа нега, овој месец двапати ќе добијат пари. Надлежните велат дека ја исправаат неправдата која на граѓаните им била направена во 2011 година, кога парите од ноември наместо во декември им биле исплатени во јануари 2012 година.
-
Македонија 18.09.2017 14:40
Утре жребка за редоследот на листите на локалните избори
Поради технички причини, наместо денеска како што предвидува роковникот, Државната изборна комисија со жребка утре ќе го утврди редоследот на гласачкото ливче за локалните избори на 15-ти октомври.
-
Македонија 18.09.2017 14:00
ВМРО-ДПМНЕ: Кривична одговорност за Рашковски
ВМРО-ДПМНЕ бара генералниот секретар на Владата, Рашковски кривично да одговара за, како што велат од партијата, организираната спрега и испумпувањето пари од буџетот преку фирмата на неговиот кум.
-
Македонија 18.09.2017 13:10
Во Собранието процедурални препукувања меѓу власта и опозицијата
Изгласани предлог измените- на Законот за медицински студии и континуирано стручно усовршување на докторите. На дневен ред на пленарката се предлог законите за зголемување на минималната плата, за стечајците и за укинување на радиодифузната такса.
-
Македонија 18.09.2017 13:06
Каракачанов: Поддршка на Македонија за НАТО
Бугарија ја поддржува кандидатура на Македонија за членство во НАТО. Софија нема проблем со името на земјата, изјави министерот за одбрана Красимир Каракачанов во македонското министерство за одбрана.










