Премиерот Зоран Заев престојува во дводневна работна посета на Брисел.
-
Македонија 06.12.2017 09:05
-
Македонија 05.12.2017 16:07
Три затворски и три куќни притвори за пратениците осомничени за собраниските настани
Пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски завршија во притвор. Со полициски комбиња попладнево беа спроведени во истражниот затвор. На нивните сопартијци и колеги Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски им е определен куќен притвор.
-
Македонија 05.12.2017 15:57
АРМ доби нов Центар за симулации
Командата за обуки и доктрини во Велес доби Центар за симулациии. Инвестицијата чини 1,4 милиони долари и е донација од САД. Придобивка е тоа што обуките ќе се подигнат на повисоко ниво, а офицерите ќе бидат технички потковани за носење одлуки. Центарот ќе се вмрежи со уште 33 други во регионот.
-
Македонија 05.12.2017 15:43
Црвениот крст го одбележа Светскиот ден на волонтерството
Волонтирајќи шириме хумана мисија и правиме промени во заедницата, вели Никола Чаушевски. Повеќе од половина живот го посветил на хуманитарната работа. Непристрасно помага и стигнува секаде и за секого, без никаков паричен надоместок.
-
Македонија 05.12.2017 15:39
Изготвен новиот Закон за високо образование, потроги критериуми за евалуација и акредитација
Новиот Закон за високо образование е изготвен, а ќе се врши и ригорозна реакредитација на државните и приватни високо образовни институции.
-
Македонија 05.12.2017 15:01
Заврши распитот на пратениците, се чека одлуката на судиите
Во скопскиот Кривичен суд заврши распитот на шестте пратеници за собраниските настани од 27-ми април. Се чека одлуката.
-
Македонија 05.12.2017 14:55
Метео: Утре сончево, негативни утрински температури
Утре во Македонија се очекува сончево време. Во претпладневните часови ќе има појава на умерена облачност која што попладне ќе се повлече.
Утринските температури речиси насекаде ќе бидат негативни. Максималната дневна ќе достигне до 11 степени.
-
Македонија 05.12.2017 14:44
Инвестицијата во раниот детски развој повеќекратно се враќа
15-годишни ученици кои посетувале некакви програми за ран детски развој од три до пет години имале подобри резултати од оние кои не посетувале, покажало истражувањето на ПИЗА.
-
Македонија 05.12.2017 14:39
ДИК на јавнa седница расправа за бонусите
На јавна седница, членовите на Државната изборна комисија расправаат за предлог-одлуката за отповикување на донесените решенија за определување надоместок за членовите и за вработените во стручната служба за спроведените избори.
-
Македонија 05.12.2017 14:14
Судењето за случајот „Тотал“ продолжува на 7-ми декември
Драган Павловиќ- Латас не определил претставници кои ќе ги застапуваат двете негови фирми во процесот во кој е обвинет. Ова е една од причините за одложување на главната расправа за случајот „Тотал“.










