Утре во Собранието продолжува расправата за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“ испратија допис до Антикорупциската комисија.
-
Македонија 08.08.2017 15:10
-
Македонија 08.08.2017 15:06
ВМРО-ДПМНЕ: Предлог за отповикување на министерката Царовска
ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за отповикување на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Од партијата, како што велат, министерката не ги консултитрала ниту граѓаните, ниту општините за стратегијата за мигранти.
-
Македонија 08.08.2017 14:56
Македонија и следните три дена во портокалова фаза
Македонија и во следниве три дена ќе биде во портокалова фаза. Од Министерството за здравство информираат дека препораките за заштита од топлотниот бран сѐ уште се во сила.
-
Македонија 08.08.2017 14:52
Супер куп во Скопје: Почна одбројувањето за фудбалскиот спектакл
Неутралната фан зона во центарот на Скопје генерира силна енергија. Стотици навивачи се подготвуваат за вечерното дерби. Топлото време не е пречка, градот дише во фудбалска атмосфера.
-
Македонија 08.08.2017 14:39
Карпалак: Незаборав за загинатите бранители
„Прилепските бранители ја пролеаа својата крв која секогаш ќе биде свежа на ова место, овде на карпалак, место на нашиот непребол“- рече во своето обраќање претседателот на Одборот на бранители, Марин Најдов.
-
Македонија 08.08.2017 14:34
Состојбата со пожарите се нормализира
Состојбата со пожарите во земјава е нормализирана, тврди првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу. Тој посочи дека не се загрозени имотите и животите на граѓаните на ниту една од локациите опфатени со огнените стихии.
-
Македонија 08.08.2017 13:35
Костовски: Сомнежи за идни злоупотреби во здравството
Поставувањето директори на здравствени установи кои се во роднински врски со сопственици на веледрогерии се потенцијален ризик за корупција и создавање нелојална конкуренција, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, претстојат фатални последици врз квалитетот на здравството и здравствените услуги.
-
Македонија 08.08.2017 13:25
Средба на Џафери со бугарскиот спикер Главчев
Спикерот Талат Џафери денеска во Скопје се сретна со неговиот бугарски колега Димитар Главчев.
Средбата се случува една недела по потпишувањето на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, еден од условите за приближување на земјава кон евроатланските асоцијации.
-
Македонија 08.08.2017 13:07
На граничните премини се чека до половина час
На граничните премини од македонска страна се чека 20 до 30 минути, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на патиштата низ дражавата се одвива пo суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е зголемен.
-
Македонија 08.08.2017 12:37
Приведен препродавач на карти за Супер купот
Полицијата приведе 41-годишен скопјанец, кој се обидел да препродава билети за претстојниот натпревар од УЕФА Супер куп, меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид кој ќе се игра вечерва на Националната арена „Филип Втори“.










