Најголемиот Кривичен суд во земјава доби нов претседател. Откако Советот ја усвои ранг- листата, од осумте кандидати, Иван Џолев ја доби поддршката на 11 од вкупно 13-те членови. За да раководи со Скопска единица го мина и бадентеровиот филтер, добивајќи шест од вкупно шест гласа.
-
Македонија 08.11.2017 14:49
-
Македонија 08.11.2017 14:48
Метео: Утре променливо облачно, нови врнежи за викендот
Утре во Македонија се очекува променливо облачно време. Претпладне ќе има појава на утринска магла и ниска облачност по одделни котлини.
Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец.
-
Македонија 08.11.2017 14:47
Грујевски доби 1,5 година затвор- СЈО задоволно од пресудата
Година и пол казна затвор за екс-началникот во Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Груjевски, условни за шест службенички во УБК за сторено кривично дело- уништување службена документација и фалсификување службена исправа. Специјалното јавно обвинителство задоволно од пресудата.
-
Македонија 08.11.2017 14:17
МВР: Меѓусебно недоразбирање- мотив за убиството на Јанушев, се трага по убиецот
Министерството за внатрешни работи соопшти дека едно лице е убиец на Мартин Јанушев, кој го загуби животот пред пет дена во скопски Аеродром, пред кафулето „Ред“. Убиството нема друга заднина, освен меѓусебно недоразбирање.
-
Македонија 08.11.2017 13:01
Системски ќе се решава проблемот со загадувањето во Скопје
Системски ќе се решава проблемот со аерозагадувањето во метрополата. Според градоначалникот Шилегов, за 10 години во Скопје воздухот ќе биде чист.
-
Македонија 08.11.2017 12:40
Грујевски осуден на една ипол година затвор, условни казни за останатите
Изречена пресудата за случајот „Тврдина 2“. Поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски доби 1,5 година затвор за уништување на опремата за прислушување во УБК, додека другите шетмина вработени во УБК, обвинети во случајот добија условни казни- одлучи Кривичниот суд во Скопје.
-
Македонија 08.11.2017 12:25
Прислушуваните материјали ќе бидат дел од доказниот материјал во случајот „Тенк“
Апелацискиот суд одлучи- прислушуваните материјали ќе бидат дел од доказниот материјал во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот Мерцедес.
-
Македонија 08.11.2017 11:57
Иван Џолев избран за претседател на скопскиот Кривичен суд
Судскиот совет на Република Македонија седница со 11 гласа „за“ и два „против“ го избра Иван Џолев за нов претседател на Основниот суд- Скопје 1.
-
Македонија 08.11.2017 11:02
Скопје: Ќе се разгледуваат мерките за намалување на аерозагадувањето
Скопјани се гушат. Концентрацијата на штетните честички во воздухот е многупати над дозволеното. Градските власти излегоа со препораки против аерозагадувањето во метрополата.
-
Македонија 08.11.2017 10:52
Измените на Законот за јавни набавки на дневен ред во Собранието
Предлог законот за изменување на Законот за јавни набавки, по скратена постапка, со кој Владата предлага укинување на Советот за јавни набавки, на дневен ред на денешната 19-та седница на Собранието на Република Македонија.










