Неуспехот на ЕУ на Балканот го користат Кина и Русија, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во интервју за престижниот национален британски весник „The Telegraph“.
-
Македонија 05.11.2017 10:57
-
Македонија 05.11.2017 10:33
Сончево со мала доумерена облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност претежно во планинските региони и со слаб до умерен јужен ветер. Во утринските часови, по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени.
-
Македонија 05.11.2017 10:06
Сообраќајот пo суви коловози, на граничните премини нема подолги задржувања
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-
Македонија 03.11.2017 16:32
Реформа во водоснабдувањето, ќе има нови цени
До 15-ти месецов Регулаторната комисија за енергетика ќе го изработи тарифникот за водоснабдување што од наредната година ќе мора да го применуваат сите јавни водоводни претпријатија во општините со над 10.000 жители.
-
Македонија 03.11.2017 16:27
Апелација идната недела ќе реши дали „бомбите“ може да бидат докази во „ТНТ“ и „Топлик“
Тој што зборува за сопствениот криминал, не може да бара заштита повикувајќи се на правото на приватност. Оние коишто го организирале незаконското прислушување не може да се третираат како жртви, бидејќи ја злоупотребиле моќта.
-
Македонија 03.11.2017 15:39
Обвиненија против 10 лица за обид за убиство на Зијадин Села
Скопското Јавно обвинителство до Кривичниот суд достави обвинителен акт против десет лица за сторено кривично дело обид за убиство на Зијадин Села.
-
Македонија 03.11.2017 15:13
Заев за МТВ: Идната година очекуваме препорака за старт на преговорите за челенство во ЕУ
Идната година очекуваме препорака за старт на преговорите за членство во Европската унија, вели во интервју за МТВ премиерот Заев. Во февруари и март ќе се финализира Планот 3-6-9 и ќе има конкретни резултати.
-
Македонија 03.11.2017 14:57
Доживотна робија за уште еден обвинет во „Диво насеље“
Уште една доживотна казна Кривичниот суд му изрече на Сулејман Османи од селото Брест, поради учество во вооружениот напад во Гошинце. Му се судеше во одвоена постапка откако по една година мината на Косово беше екстрадиран во земјава.
-
Македонија 03.11.2017 14:20
МВР со детали за инцидентот пред Врховен суд
Министерството за внатрешни работи со детали за инцидентот пред Врховниот суд за време на изрекувањето на пресудите за „Диво насеље“.
-
Македонија 03.11.2017 14:15
Метео: Променливо време за викендот
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Во раните утрински часови е можна појава на слаб локален дожд, а ќе дува и умерен северен ветер.
Попладне се очекува намалување на облачноста и на брзината на ветерот. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.










