Целиот регион мора да оди напред, кон ЕУ и НАТО, а само ако регионот ја унапреди соработката може да ги оствари овие стратешки цели.
-
Македонија 02.11.2017 14:39
-
Македонија 02.11.2017 14:32
Случај „Дива населба“: Седум доживотни и 26 долгогодишни затворски казни
Скопскиот Кривичен суд ја соопшти пресудата за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015-та година, кога загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили, а 40-ина беа тешко повредени.
-
Македонија 02.11.2017 14:24
Продолжува соработката со НАТО за развој на македонското воено образование
Цврсто сум убеден дека во денешното време исполнето со хибридни закани, образованието е најважната вредност која можеме да ја имаме и унапредуваме, истакна заменик-министерот за одбрана, Беким Максути на денешната средба со тимот од НАТО-програмата за унапредување на образованието во одбраната.
-
Македонија 02.11.2017 14:04
Иванов: Мигрантската криза покажа дека ЕУ сѐ уште не е Европа без интегриран Балкан
Европската Унија мора да изнајде нов начин на носење на одлуки во време на криза и потенцираше дека европските земји мора да имаат поголем слух за заедничките безбедносни закани- порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во обраќањето на Кралск
-
Македонија 02.11.2017 12:19
Случај „Тврдина 2“: На Грујевски ќе му се суди во отсуство
Во Основниот суд- Скопје 1 продолжи судскиот процес „Тврдина 2“ во кој се обвинети Горан Грујевски и шестмина вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање. Специјалнот јавно обвинителство ги сомничи за уништувањ е службена документација, поврзана со незаконско прислушување.
-
Македонија 02.11.2017 12:14
Расте бројот на заболени од грип
Изминатата седмица се регистрирани 63 нови случаи на заболени од грип, што е зголемување за 40 проценти во однос на неделата пред неа, соопштува Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
-
Македонија 02.11.2017 11:47
Владите на Македонија и Бугарија ќе одржат заедничка седница во Струмица на 23-ти ноември
Теми од заеднички интерес, со фокус на разговорите за напредокот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија ќе бидат разгледани на заедничата седница на владите на двете земји, која ќе се одржи на 23-ти ноември во Струмица, соопшти прес-службата на бугарската Влада.
-
Македонија 02.11.2017 10:24
ДИК ќе одлучува по приговорите од вториот круг од локалните избори
Државната изборна комисија на седница ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори.
-
Македонија 02.11.2017 10:17
Заев учествува на меѓународна економска конференција во Црна Гора
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска и утре, учествува на меѓународната економска конференција што се одржува во Будва, Република Црна Гора Насловена „Економска конференција на Црна Гора 2017 - предизвици на патот кон Европската унија“.
-
Македонија 02.11.2017 10:09
Технички проекти за мини фарми
За прилогодување на македонското земјоделство и за производството на храна според стандардите на Европската унија се изготвува документација за типски мини фарми.










