Раздор во Сојузот на синдикатите пред претстојниот вонреден конгрес закажан за две недели кога треба да се избере нов претседател на ССМ. Според Претседателството, само кандидатот Дарко Димовски ги исполнува критериумите за кандидат за претседател на ССМ.
-
Македонија 27.10.2017 16:00
-
Македонија 27.10.2017 15:17
Локални избори 2017: Завршува кампањата, почнува молкот
На полноќ завршува изборната кампања пред вториот круг од локалните избори и почнува молкот пред гласањето в недела, 29-ти октомври. Локалните избори ќе се спроведат во 35 општини во кои право на глас имаат 833.710 граѓани. Во вториот круг учествуваат 70 кандидати за градоначалници.
-
Македонија 27.10.2017 14:58
Македонски државјани уапсени кај Славонски Брод со 6,5 килограми хероин
Тројца македонски државјани се во притвор во Хрватска, откако во вторникот, на граничниот премин кај Славонски Брод се обиделе да прошверцуваат околу 6,5 килограми хероин, информира Бродско- посавската полиција. Вредноста на дрогата на црниот пазар се проценува на над сто илјади евра.
-
Македонија 27.10.2017 14:51
Првообвинетиот за грабежот во НЛБ се извини, не се знае каде се парите
Изразувам жалење, се каам и им се извинувам на сите засегнати во овој случај, рече во завршните зборови прообвинетиот- трезорист за грабежот во НЛБ Банка. За првпат посочи дека парите ги украл оти бил во долгови и под закани, и тој и семејството.
-
Македонија 27.10.2017 13:18
ФЕИТ домаќин на натпреварот по „Лабвју“
Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, ФЕИТ, е домаќин на седмиот балкански натпревар по „Лабвју“- графички програмски јазик за студентите од областа на техничките науки, кој почнува денеска, а победниците ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.
-
Македонија 27.10.2017 13:01
ВМРО-ДПМНЕ: МВР целосно се злоупотребува во политички цели
Министерот за внатрешни работи Спасовски постапува исклучиво како потпредседател на СДС и преку партиски соопштенија се обидува да го сокрие изборниот криминал, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 27.10.2017 12:57
МЗ: Уште 60 лица побарале лекарска помош во Гостивар
Bо текот на ноќта во Општата болница во Гостивар, лекарска помош побарале уште 60 лица со симптоми на дијареја и изнемоштеност.
-
Македонија 27.10.2017 11:34
Проектот „Пречистителна станица за отпадни води Скопје“ на владина седница
Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата 33 редовна седница.
-
Македонија 27.10.2017 11:20
Спасовски: Размената на информации клучна за справувањето со мигрантската криза
За нашите служби да можат да бидат ефикасни во откривањето на организираните криминални групи на криумчарење мигранти, најважна е брзата и непречена размена на информации, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на Министерскиот форум на ЕУ и Западен Балкан за правда и внатрешни работ
-
Македонија 27.10.2017 10:43
Конференција за државно финансирање на граѓански организации
Македонскиот центар за меѓународна соработка денеска организира конференција за „Предлог модел за државно финансирање на граѓански организации во Македонија”.










