Скопје е најтопол град во регионот. Температурата ќе достигне 28 целзиусови степени. И до недела ќе се задржи стабилно и суво време со надпросечна дневна температура.
-
Македонија 20.10.2017 10:55
-
Македонија 20.10.2017 10:43
Локални избори 2017: Продолжува кампањата за вториот круг од изборите
Продолжува кампањата за вториот круг од локалните избори, закажан за 29-ти октомври.
СДСМ денеска е во Гостивар на средби со граѓаните. И ВМРО-ДПМНЕ продолжува со прес-конференциите.
Средби со граѓаните ќе имаат и ДУИ, Алијансата за Албанците и БЕСА.
-
Македонија 20.10.2017 10:41
ТМРО: ДИК ги крие од јавноста нашите приговори
ТМРО тврди дека има поднесено приговори до ДИК и за Општина Аеродром, за Кавадарци и за сите избирачки места во Град Скопје.
-
Македонија 20.10.2017 10:35
ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС спроведе криминални избори
Владата на СДС спроведе криминални избори. Продолжи да ја раскрчмува државната каса и да ја ограбува државата. Прекршено е ветувањето во предизборието дека државата нема да се задолжува велат во ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 20.10.2017 10:31
Тројца повредени и еден приведен во тепачка во автобус во близина на Битпазар
Три лица се повредени, а едно е приведено во тепачката која настанала вчеравечер на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во близина на Битпазар.
Повеќе лица го нарушиле јавниот ред и мир и ги нападнале патниците во автобусот на јавниот превоз со број 50.
-
Македонија 20.10.2017 10:16
Нормализиран сообраќајот кон Грција
Нормализиран е сообраќајот кон Република Грција по еднодневниот штрајк на грчките цариници. Тековно се одвива сообраќајот на граничните премини Богородица, Стар Дојран и Меџитлија, известуваат од АМСМ.
-
Македонија 20.10.2017 10:10
Климатските промени прават штети во сточарството
За да ја одржат продуктивноста на добитокот сточарите ќе мораат да се прилагодат на климатските промени.
-
Македонија 20.10.2017 10:08
ДИК: Одбиени сите приговори за изборите
Сите поднесени приговори за локалните избори се одбиени од Државната изборна комисија. Седницата на ДИК завршила изутрината.
До комисијата беа поднесени вкупно 46 приговори, од кои 43 од ВМРО-ДПМНЕ, по еден од ТМРО, од Алијансата за Албанците и од Левица.
-
Македонија 20.10.2017 08:32
Ден на баталјонот за врски од составот на ЗОК
Со воена свеченост денеска во касарната „Илинден“ ќе се одбележи Денот на баталјонот за врски од составот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК).
-
Македонија 19.10.2017 19:05
МВР го достави известувањето за Грујевски и Бошкоски до Министерството за правда
Министерството за внатрешни работи го испрати Известувањето од Интерпол-Атина за Никола Бошкоски и Горан Грујевски до Министерството за правда за тоа да ги достави потребните документи за екстрадиција.










