Најстудено утрово беше во Лазарополе, шест степени, а најмногу дожд последниве 24 часа наврна во Штип, вкупно 87 литри на метар квадратен.
-
Македонија 24.05.2017 09:08
-
Македонија 24.05.2017 09:05
Средба Иванов- Путин во Москва
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Москва ќе има средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
-
Македонија 23.05.2017 17:24
Разговори на сите нивоа за составот на новата Влада
Заокружувањето на принципите и начинот на функционирање на новата влада, полека, се затвора. Така што ќе влеземе во ефектуирање на разговорите, околу персоналниот состав- велат од Социјал- демократскиот сојуз на Македонија.
-
Македонија 23.05.2017 16:00
Коцијанчич: Заев доаѓа во Брисел како „определен за премиер“
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, за МИА потврди дека мандатарот за составување влада и претседател на СДСМ, Зоран Заев е поканет да ја претставува Македонија на утрешната неформална вечера на премиерите на шест балкански држави со Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могер
-
Македонија 23.05.2017 15:11
Метео: Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и на повеќе места нестабилно време со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град.
Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови пад на температурите.
Максималната дневна ќе достигне до 22 степена.
-
Македонија 23.05.2017 15:07
МВР продолжува со расветлување на собраниските настани
Министерството за внатрешни работи соопшти дека продолжува со расветлување на собраниските настани од 27-ми април и со идентификација на сите учесници.
Во полиција биле повикани 28-годишник од Виница и тројца скопјани. Тие се ослободени, но ќе има соодветни поднесоци.
-
Македонија 23.05.2017 15:04
Условни казни за деветмина обвинети за нередите во Собранието
Изречени пресудите за деветмина обвинети за настаните во Собранието. Сите добија условни казни. Првоoбвинетиот доби една ипол година условно, ако за пет години не го повтори делото, а преостанатите по шест месеци, ако не го повторат делото во рок од една година.
-
Македонија 23.05.2017 14:41
Одложено судското рочиште за „Тврдина 2“
Во скопскиот Кривичен суд денеска беше одложена за 3-ти јули главната расправа за случајот „Тврдина 2“, бидејќи не бил повикан ниту еден од сведоците.
-
Македонија 23.05.2017 14:25
ВМРО-ДПМНЕ: Лагите излегуваат на површина
Коалицискиот партнер на Заев, Зијадин Села, изјави дека ниту потпишал, ниту има намера да потпише или почитува гаранција побарана од претседателот Иванов, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 23.05.2017 14:21
Продолжуваат преговорите за формирање нова Влада и за распределба на ресорите
Лидерот на СДСМ и мандатор за нова влада, Зоран Заев најави дека денеска почнуваат разговорите со партиите кои треба да бидат дел од владата, за распределба на ресорите.








