Франција ја поздравува одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да му го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев, претседател на СДСМ, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
-
Македонија 19.05.2017 11:06
-
Македонија 19.05.2017 10:22
„Матурска парада“ по 11-ти пат
Околу 2 илјади матуранти од Македонија точно напладне ќе учествувааат на 11-та матурска парада. Традиционалната манифестација ќе се одржи на плоштадот „Македонија“.
Во исто време и на иста музика ќе се танцува и во Струга, Охрид, Струмица и во Гевгелија.
-
Македонија 19.05.2017 09:38
Ден на бригадата за логистичка поддршка
По повод Денот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП), која е дел од АРМ, денеска во Техничко-ремонтниот центар (ТРЦ) во Скопје ќе се одржи воена свеченост.
-
Македонија 18.05.2017 16:39
Заев преговара, Груевски предупредува
Собранискиот спикер Талат Џафери до пратениците испратил известување дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев го има мандатот за формирање Влада. Се одржуваат или се договараат партиските средби за формирање на новата влада.
-
Македонија 18.05.2017 16:08
ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа во вода манипулациите дека нема пари во буџетот
Исплатата на субвенциите за земјоделците само го потврди фактот дека има пари во буџетот за таа намена велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со исполнувањето на законската можност отпочна и исплатата.
-
Македонија 18.05.2017 15:40
Македонскиот полициски синдикат бара социјален дијалог со надлежните и решавање на проблемите
Македонскиот полициски синдикат бара почнување на социјалниот дијалог со надлежните и решавање на проблемите со кои се соочуваат полициските службеници.
-
Македонија 18.05.2017 15:34
Донација: Опрема и возила од ЕУ за АХВ
Двојно зголемување на ефективноста и на ефикасноста во работењето на Агернцијата за храна и ветеринство- очекува директорот Поповски. Според него, тоа ќе го овозможи донацијата од Европската унија во опрема и возила, во вредност од околу еден милион евра.
-
Македонија 18.05.2017 15:15
Метео: Сончево и топло, температура до 28 степени
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Температурата ќе достигне до 28 степени. Сончевото време ќе продолжи и во сабота, а од недела ќе настапи промена на временските услови.
-
Македонија 18.05.2017 14:49
СДСМ со иницијатива до Собранието за укинување на екстерното тестирање
СДСМ денеска до Собранието ќе ги достави предлог- измените во Законот за образование, за укинување на екстерното тестирање. Како што рече Стефан Богоев, ќе се мотивираат учениците и училиштата не преку казни, туку преку награди да се вложуваат повеќе и да покажуваат подобри резултати.
-
Македонија 18.05.2017 13:45
Сеад Кочан не оди во притвор
Судијата на претходна постапка во Кривичниот суд не го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“.









