Соработка меѓу НАТО и ЕУ за стабилност на Западен Балкан. Ова е темата на меѓународната работилница, организирана од Одделението за јавна дипломатија на НАТО, што од денеска до 29-ти август се одржува во Охрид.
-
Македонија 25.08.2017 12:29
-
Македонија 25.08.2017 12:12
УХМР: За викендот топло, од вторник повторно освежување
До вторник ќе продолжи периодот на стабилно време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, а најтопло ќе биде во недела и понеделник, кога ќе достигне до 39 степени, соопшти УХМР.
-
Македонија 25.08.2017 11:17
Собранието на 4-ти септември ќе расправа за огласот за нов јавен обвинител
На 4-ти септември пратениците ќе расправаат за Предлогот за огласување именување на Јавен обвинител на Република Македонија. Предлогот до Собранието го достави Владата, по седницата во вторникот.
-
Македонија 25.08.2017 10:11
Оризот на нивите добро напредува
Годинава високите температури и оптималните количества на вода за наводнување, според земјоделските стручњаци,се добри за оризот кој досега успешно напредува, особено од почетокот на август кога се формира зрното во класот.
-
Македонија 25.08.2017 09:28
Трибина за унапредување на искористувањето на средствата од ИПА
Во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска ќе се одржи трибина насловена „ИПА: Пресек и состојба-Унапредување на апсорпцијата на ИПА средствата“, на која ќе учествуваат претставници на ИПА структурата и на граѓански организации.
-
Македонија 25.08.2017 09:22
Средба Димитров- Дачиќ во Ниш
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Србија, Никола Димитров и Ивица Дачиќ, денеска во Ниш ќе разговараат за можностите за унапредување на односите меѓу двете земји. Предвидено е Димитров и Дачиќ по средбата да одржат и заедничка прес-конференција.
-
Македонија 24.08.2017 16:17
Белград- Скопје: Предлог за заедничка владина седница
„Сите сметаме дека е потребно да работиме вредно и одговорно на унапредување на нашите односи“- ова го нагласил претседателот Александар Вучиќ на средбата со македонската амбасадорка во Србија, Вера Јовановска- Типко.
-
Македонија 24.08.2017 15:57
Метео: Сончево со слаб ветер, температура до 35 степени
Утре во Македонија ќе преовладува претежно сончево време со слаб ветер од источен правец. Највисоката дневна температура ќе достигне до 35 степени.
Во Скопје утре до 34 степени. Периодот на сончево и стабилно време со посвежи утра ќе продолжи и во наредните денови.
-
Македонија 24.08.2017 15:51
Разузнавачки игри на релација Белград- Скопје
„Не сум овластен да давам одобренија за престој во Собранието, Живаљевиќ бара алиби преку мене“- тврди советникот за национална безбедност во Кабинетот на Иванов, Синиша Алексоски.
-
Македонија 24.08.2017 15:25
Македонија и Унгарија ќе ја унапредуваат полициската соработка
Унапредување на соработката во делот на миграцијата, антикорупцијата и спречувањето на нелегалните финансиски текови, за ова денеска разговарале министрите за внатрешни работи на Македонија и Унгарија Оливер Спасовски и Сандор Пинтер, соопшти МВР.










