ВМРО-ДПМНЕ се надева дека македонската и српската влада ќе ги расчистат сите детали и ќе ја информираат јавноста.
-
Македонија 23.08.2017 16:52
-
Македонија 23.08.2017 16:48
Димитров и Дачиќ на средба во петок во Ниш
Од Министерството за надворешни работи информираа дека телефонски разговор имало и помеѓу министрите Никола Димитров и Ивица Дачиќ. Српското МНР информирало дека персоналот на амбасадата ќе пристигне утре.
-
Македонија 23.08.2017 16:11
СОНК: Одлуката за двосменско работење на градинките е избрзана
СОНК побара да се одложи воведување двосменско работење во градинките. Синдикатот смета дека нема доволно кадар и капацитет за спроведување на новината.
-
Македонија 23.08.2017 15:41
Подобра соработка со дијаспората
Работна група составена од членови кои ќе бидат номинирани од Министерствата за надворешни и внатрешни работи, здравство, образование, како и од Агенцијата за иселеништво ќе ја подготвуваат Националната стратегија за дијаспората за период од пет години.
-
Македонија 23.08.2017 15:32
Метео: Дневните температури ќе продолжат да растат
Во текот на утрешниот ден во Македонија се очекува сончево и претежно ведро време со слаб до умерен ветер од северен правец.
Во наредните денови дневните температури ќе продолжат да се зголемуваат.
-
Македонија 23.08.2017 15:08
Заев- Вучиќ: Дијалог за сите евентуални недоразбирања
Сите евентуални недоразбирања во меѓусебните односи ќе се решаваат исклучиво по пат на дијалог. Ова го договориле премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ во, како што се вели во соопштението, долг и отворен телефонски разговор.
-
Македонија 23.08.2017 14:44
Кривична пријава против 75- годишна жена за пожар во атарот на селото Волче
Полицијата против 75-годишна жена од скопје, поднесе кривична пријава за пожарот во атарот на селото Волче, општина Македонски Брод.
-
Македонија 23.08.2017 14:40
На Клиниката за гинекологија почина тројка новороденчиња
На клиниката за гинекологија и акушерство почина тројка новороденчиња. Пациентката била хоспитализирана завчера со болки во абдоменот. Истиот ден била породена со царски рез со претходно прснат воденик и испадната папочна врвца, информираат од Клиниката.
-
Македонија 23.08.2017 14:38
Тантуровски: Сме давале мислења и досега
Антикорупциска отвори предмет за поднесен приговор од Љупчо Георгиевски против Агенцијата за просторно планирање. Се однесува на разрешувањето од директорската функција на денот на распишувањето на изборите, 6-ти август.
-
Македонија 23.08.2017 14:35
СОНК: Нема услови за двосменско работење на градинките
Одлуката на министерството за труд и социјална политика за двосменско работење на градинките од први септември е избрзана, смета Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).










