Известители на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки преземени при приемот во Советот на Европа денеска и утре ќе бидат во работна посета на Република Македонија.
-
Македонија 30.05.2017 07:44
-
Македонија 30.05.2017 07:41
Собраниска седница за избор на новата Влада
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи втората седница на која единствена точка на дневниот ред е избор на Влада. Собраниската седница е закажана за 11 часот.
-
Македонија 29.05.2017 20:15
Тодоров поднесе оставка од функцијата пратеник
Никола Тодоров попладнево поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија. На својот Фејсбук профил објави дека планира во иднина повеќе да се посвети на својата основна професија како адвокат.
-
Македонија 29.05.2017 16:41
Груевски: Брзањето за гласање на новата Влада- страв за анализа на перформансите и ветувањата
„Шверцерски обид на Заев да избега од дискусија за кандидатите за новиот владин тим“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за предлогот на мандатарот.
-
Македонија 29.05.2017 16:27
Иванов: ЕУ да направи исчекор и да определи датум за почеток на преговори
Потребно е Европската унија да направи исчекор и да определи датум за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, да ги отвори поглавјата 23 и 24 за областите правосудство, основните права, правдата, слободата и безбедност кои ќе дадат поттик за интензивирање на реформските процеси-
-
Македонија 29.05.2017 16:22
Утре седница за избор на новата Влада
Собранискиот спикер Талат Џафери за вторник ја закажа пленарната седница на која ќе се дискутира и гласа за новиот владин кабинет на мандатарот Зоран Заев.
-
Македонија 29.05.2017 15:54
ИН МЕМОРИАМ: Тодор Малезански
Во 62-та година од животот, по кратко боледување, утрово почина нашиот колега Тодор Малезански, правник во Македонската радиотелевизија, истакнат медиумски работник и експерт, активен член на Комитетот за правни работи во Европската радиодифузна унија во три мандати.
-
Македонија 29.05.2017 15:52
Расте интересот за изучување на италијанскиот јазик
Македонците сакаат да зборуваат италијански. Од Институтот „Данте Алигиери“ велат дека во моментот имаат 15-тина курсисти, а професорите се од катедрата по италијански јазик при факултетот „Блаже Конески“ во Скопје.
-
Македонија 29.05.2017 15:10
Метео: Сончево и топло
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец.
Попладне се можни услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи во планинските предели.
Максималната температура ќе достигне до 29 степени.
-
Македонија 29.05.2017 14:56
Иванов од Брисел бара почнување на преговорите за членство во Унијата
Европската унија да направи исчекор и да определи датум за почеток на пристапните преговори со Македонија, побара претседателот Иванов на средбата со амбасадорите од земјите- членки на Унијата.










