Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд, на места пообилни особено во претпладневните часови.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер поизразен во северните делови од земјата.
Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд, на места пообилни особено во претпладневните часови.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер поизразен во северните делови од земјата.
Американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Хојт Ји, ги отфрли изјавите и повиците на политичарите за создавање Голема Албанија, велејќи дека дел од нив се дадени во контекст на предизборни кампањи и не се одраз на желбите на албанските политичари во регионот.
Ново одложување на седницата на Советот на јавните обвинители, на којашто требаше да се изберат нови обвинители. Се чека изборот на новата влада, а пречка бил дневниот ред и отсуството на двајца членови.
Пратеникот Зијадин Села од Алијансата на Албанците во Јавното обвинителство дава исказ за настаните во Собранието на 27-ми април.
Села беше физички нападнат и тешко повреден. Две лица, татко и син, се обвинети за кривичното дело- обид за убиство.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговиот сопартиец, Муса Џафери, денеска не се појавија во судница. Тие го тужат екс разузнавачот, Слободан Богоевски за навреда и клевета за исказ кој тој го даде за случајот „Маѓар Телеком“ пред американскиот Окружен суд во Њујорк.
Во светот не постои една организација која што управува со интернетот.
Продолжуваат разговорите на партиите од парламентарното мнозинство за составот на новата Влада. Лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев вели дека консултациите се во полн ек. Се пеглаат одредени разлики во однос на распределбата на ресорите и персоналните решенија.
Доаѓа време за одговори. Граѓаните не сакаат политичари што лажат кај што ќе стигнат. Оправдано се плашат дека Заев е подготвен да ја реазлизира Тиранската Платформа, во надеж дека од позиција на власт ќе се спаси од кривичен прогон за кривични дела што ги извршил, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Состојбите во регионот и заеднички напредок беа темите на неформалната вечера на високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини со премиерите и определен за премиер на шест балкански држави.
Претседателот Иванов денеска и утре ќе престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица во Ватикан, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.
Шефот на државата во базиликата „Свети Климент“, ќе положи венец на гробот на Свети Кирил.