Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне со услови за краткотрајна нестабилност во планинските региони на југозапад.
Утринската температура ќе се движи од четири до 12 степени, а дневната од 19 до 30 степени.
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне со услови за краткотрајна нестабилност во планинските региони на југозапад.
Утринската температура ќе се движи од четири до 12 степени, а дневната од 19 до 30 степени.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Во Основниот суд Скопје 1 пред судија на претходна постапка денеска е спроведено уште едно лице и прифатен е предлогот за притвор на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Судот и на ова лице му определи мерка притвор во траење од осум дена, информираат од Основниот суд Скопје 1.
„Важно е лидерите да најдат начин да му дозволат на мнозинството во Собранието да состави влада и владина програма.
Кривични пријави против 15 лица се поднесени од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основно јавно обвинителство – Скопје во врска со нередите што се случија во четвртокот вечерта во македонското Собрание, од кои петмина се приведени.
Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји, денеска и утре ќе престојува во посета на Република Македонија за време на која ќе се сретне со државниот врв и со лидерите на политичките партии застапени во Парламентот.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска соопшти дека е во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со идентификација на учесниците во нередите кои се случија во Собранието на Република Македонија. До овој момент не е поставена правна квалификација на
Турбулентната ситуација создадена вчера во Македонија, меѓу главните теми на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Малта. Оттаму високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини со осуда за инцидентите.
Чувствувам морална одговорност и ќе барам повлекување од функцијата, изјави министерот за внатрешни работи Агим Нухиу. Рече дека дел од структурите во полицијата не си ја завршиле работата. Ќе бара одговорност од раководни лица.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски го осуди насилството и ги повика институциите да направат брза и ефикасна истрага и да се откријат виновниците. Побара да не се ставаат во ист кош огромното мнозинство граѓани кои со денови мирно протестираа и кои не повредија никого, со оние кои го направија тоа.