На Светскиот ден на слободата на печатот, Европската унија и ОБСЕ побараа поголема заштита за новинарите. Жбогар и Суомалаинен велат дека треба мерки и реформи за поддршка на независното новинарство, затоа што според нив, слободните медиуми се предуслов за демократија и владеење на правото.
-
Македонија 03.05.2017 14:52
-
Македонија 03.05.2017 14:47
Нухиу побара разрешување на Чавков
За поправање на направената штета во Собранието треба долго време и ангажман, не само од МВР, туку и од другите институции, изјави министерот Нухиу. Посочи дека од Владата побара разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.
-
Македонија 03.05.2017 13:12
ВМРО-ДПМНЕ: Театар на СДС и СЈО за оцрнување на партијата
„Правдата ќе дојде и правда ќе има. Ќе се докаже дека целиот овој театар кој што го прави СДС, СЈО и нивните налогодавачи е со единствена цел да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ и политичарите кои ја бранат државата, националните интереси законите и Уставот“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 03.05.2017 12:18
Одложено рочиштето за настаните пред општина Центар
Судењето за насилството пред Општина Центар е одложено поради отсуство на дел од обвинетите. Специјалниот јавен обвинител побара на наредното, доколку не се појават, да бидат приведени.
-
Македонија 03.05.2017 12:12
Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието
Талат Џафери изутринава дојде во Собранието на Република Македонија и влезе во кабинетот на претседателот на законодавниот дом, потрдија собраниските служби.
Прв гостин на Талат Џафери, во кабинетот на претседателот на Собранието, му беше евроамбасадорот во земјава, Самуел Жбогар.
-
Македонија 03.05.2017 11:58
Форин Офис: Да се овозможи непречен и ненасилен трансфер на власта
Обединетото Кралство се огласи за политичките случувања во Македонија. Британскиот Форин Офис го поздрави изборот на нов претседател на Собранието и апелираше за непречен и ненасилен трансфер на власта.
-
Македонија 03.05.2017 10:26
„За заедничка Македонија“ бара нови избори
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува со протести. Побараа избори. Не го признаваат изборот на Талат Џафери за нов претседател на Собранието. Сметаат дека се прекршени деловникот, законот и Уставот.
-
Македонија 03.05.2017 10:17
Отстранета импровизираната експлозивна направа од Собранието
Припадници на одделението за антитероризам на МВР синоќа ја отстраниле импровизираната експлозивна направа пронајдена вчера попладне по 17 часот во Собранието во ходникот на 1-ви кат.
-
Македонија 03.05.2017 10:15
СДСМ: Неопходно е продолжување на демократските процеси
Институциите и вработените во нив се должни да овозможат спроведување на мнозинската волја на граѓаните, се вели во днешното соопштение на СДСМ.
-
Македонија 03.05.2017 10:13
ВМРО-ДПМНЕ: Воспoставување нелегални институции е опасен преседан
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница на која расправаше за актуелната политичка состојба го осуди нелегалниот обид за избор на претседател на Собранието кој што претставува насилство врз институциите, пред се Уставот, законите и пропишаниот деловник.









