Управниот одбор на НЛБ Банка во врска со грабежот денеска информира дека средствата на нивните клиенти се безбедни и оти ги има преземено сите мерки за осигурување на своите редовни активности.
-
Македонија 11.04.2017 15:15
-
Македонија 11.04.2017 14:47
Метео: Сончево со мала до умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне на места се очекуваат услови за локален дожд особено во јужните планински подрачја.
Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец особено долж Повардарието.
-
Македонија 11.04.2017 14:39
Алтхаузер: Потребна е политичка воља за решавање на кризата
Потребна е политичка воља за решавање на политичката криза во Македонија, Парламентот да биде оперативен, да избере претседател, а потоа да се избере и Влада, изјави германската амбасадорка во земјава Кристине Алтхаузер.
-
Македонија 11.04.2017 13:39
Коѕиас загрижен за стабилноста на Македонија
Грчкиот шеф на дипломатијата е загрижен за стабилноста на Македонија и оценува дека нестабилноста на земјата се должи на недостигот на култура на компромис. Ова Никос Коѕиас го нагласил при својот говор на настан организиран од движењето на идеи и акција „Прато“.
-
Македонија 11.04.2017 13:22
Приведено едно лице за кражбата во НЛБ Банка
Голем грабеж во главната експозитура на НЛБ Тутунска банка. Според полицискиот билтен, во полициската станица Кисела Вода вчера вечер е приведено едно лице поврзано со кражбата.
-
Македонија 11.04.2017 12:36
Конститутивната седница продолжи со процедурални забелешки
Ново продолжение на конститутивната собраниска седница за избор на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања. Социјалдемократите остануваат на барањето да се прекине расправата и да се премине на гласање на нов претседател на Собранието.
-
Македонија 11.04.2017 11:46
Државниот архив промовираше два тома „Илинденски сведоштва“
Државниот архив на Република Македонија ги промовираше првиот и вториот том од зборникот документи насловен „Илинденски сведоштва”, како дел од истоимениот проект кој започна во 2015 година и е предвидено да содржи пет тома.
-
Македонија 11.04.2017 11:30
Граѓанската инцијатива „За заедничја Македонија“ продолжува со протести
Продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Организаторите сметаат дека на граѓаните им е подметната Тиранската платформа.
-
Македонија 11.04.2017 11:11
Eкспертите на УНЕСКО ја започнаа мониторинг мисијата во Охрид
Експертите на УНЕСКО ја почнаа својата мониторинг- советодавна мисија во Охрид. Серијата најавени работни средби почнаа со посета на управната зграда на Националниот парк „Галичица“, кадешто зад затворени врати остварија средба со раководството на установата.
-
Македонија 11.04.2017 10:54
Врховниот суд одлучува по барањето на СЈО за изземање на Вангеловски
Врховниот суд на затворена седница одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на претседателот на судот, Јово Вангеловски.










