• Македонија 10.04.2017 10:13

    Груевски: Жесток одговор ако се прекрши деловникот

    ВМРО-ДПМНЕ бара нови избори за граѓаните да се изјаснат за Тиранската платформа. Сметаат дека Заев и раководството околу него се уценети. Лидерот на партијата, Никола Груевски, рече дека жестоко ќе одговорат доколку СДСМ се обиде неделовнички да избере претседател на Собранието.

  • Македонија 10.04.2017 09:53

    Сончево и потопло

    Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена  локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура од минус два до шест степени, а максималната во интервал од 16 до 23 степени.

    Во Скопје слично време и температура до 20 степени.

  • Македонија 10.04.2017 09:48

    Нема вода за оризот

    Поради лошата хидролошка состојба и неможноста акумулацијата Калиманци да се наполни до крај со потребните количества вода, направена е рестрикција на планот за наводнување за престојната пролетна сеидба.

  • Македонија 10.04.2017 07:47

    Продолжение на конститутивната седница на Собранието

    Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи десетто продолжение на конститутивната седница на која треба да се изборат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

  • Македонија 09.04.2017 22:06

    Два земјотреса почувствувани во Скопје

    Два земјотреса со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во Скопје вечерва во 21 часот и 10 минути и во 21 часот и 11 минути.

  • Македонија 07.04.2017 16:19

    Светски ден на здравјето: Да се подигне свесноста за депресијата

    Кај едногодишно дете била поставена дијагноза депресија- но по направените контроли утврдено е дека таа е погрешна. Потребно е да се подигне свесноста- вели ресорниот министер Тодоров. Експертите од оваа област да обрнат повеќе внимание во дијагностиката, за вакви грешки да не се повторуваат.

  • Македонија 07.04.2017 15:05

    Отворен петтиот програмерски маратон „Кодфест“

    Македонија и регионот во изминатите неколку години покажаа дека располагаат со млади програмери чиј креативен дух е на ниво на оној од високоразвиените земји.

  • Македонија 07.04.2017 14:52

    СДСМ: Иванов е должен да овозможи мирен транфер на власта

    „Потребен е здрав разум, и таа порака не случајно ја испрати меѓународната заедница“, одговорија од СДСМ за интервјуто на претседателот. Според Социјалдемократите, Иванов е должен да овозможи мирен транфер на власта.

  • Македонија 07.04.2017 14:48

    Иванов: Суштината на Тиранската платформа е да се смени уставното уредување на Република Македонија

    Со Тиранската платформа Македонија престанува да постои таква каква што ја знаеме, интенцијата е да стане биетничка- претседателот Ѓорге иванов ја објаснува нејзината суштина во интервју за Хрватската национална телевизија.

  • Македонија 07.04.2017 14:33

    Метео: Променливо време за викендот

    Во првиот ден од викендот не очекува сончево време со умерена облачност. Во североисточните делови облачноста ќе се зголеми и ќе донесе услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 60 километри на час.

Pages