Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд особено во западните делови.
Ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер поизразен долж Повардарието.
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд особено во западните делови.
Ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер поизразен долж Повардарието.
Иницијативата „За заедничка Македонија“, денеска ќе протестира пред седиштето на канцеларијата на Европската унија во Скопје. Нивните пораки ќе бидат испратени до првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, пред сѐ, за унитарност на Македонија.
Продолжение на случајот „Поткуп“. Одбраната вели дека не им биле достапни методите на употреба на посебните истражни мерки. Поради ова, новото рочиште е закажано за 4-ти мај.
Со активностите на ИСИС за радикализација преку кибер-просторот реални се заканите по безбедноста во земјата и регионот. Глобалните трендови на употребата на технологиите од страна на терористички организации се присутни поради што државите треба заеднички да се справуваат со растечките закани.
Бактеријата Стафилокока најверојатно била причинител за труењето на речиси 200 работници од третата смена во тетовската фабрика „Леар“. Сепак, оваа информација сѐ уште не е официјално потврдена, а за тоа пишуваат повеќе портали во земјава.
Ниските утринските температури под нулата предизвикаа штети кај овошките особено кај кајсијата која се наоѓаше во нај чуствителната фаза на почеток на формирање на плодот.
Веќе 24 часа горат околу 500 хектари шума на Скопска Црна Гора. Пожарот сѐ уште не е локализиран поради непристапноста на теренот. Нема закани за локалното население, велат од скопската Противпожарна бригада.
Во Македонија денеска ќе преовладува облачно и посвежо време со врнежи од дожд со послаб, а во западните и јужните делови повремено со умерен интензитет. На повисоките планини можен е и повремен снег.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Охрид ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на НАТО напредната школа на тема „Борба против активностите на ИСИС за радикализација преку сајбер-просторот во регионот на Југоисточна Европа“.
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.