САД го признава македонскиот идентитет и го користи уставното име на земјата. Вака американскиот амбасадор Бејли ја коментираше актуелната политичка состојба во земјава, но и релациите со некои од соседите.
-
Македонија 04.04.2017 14:25
-
Македонија 04.04.2017 14:13
Метео: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд особено во попладневните часови.
На места се можни услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
-
Македонија 04.04.2017 14:12
Јолевски: АРМ- компатибилна со највисоките стандарди на НАТО
Македонската Армија е подготвена во секое време да ги исполни уставните функции, затоа што е професионална, ефикасна и компатибилна со највисоките стандарди на НАТО, изјави министерот Јолевски на 68 годишнината од формирањето на Алијансата.
-
Македонија 04.04.2017 14:00
Седмо продолжение на конститутивната седница, преовладуваат меѓупартиските препукувања
Седмо продолжение на конститутивната седница на која преовладуваат меѓупартиските препукувања преку процедурални забелешки. Само на моменти се споменуваше и темата од точката на дневен ред, изборот на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања.
-
Македонија 04.04.2017 12:56
„За заедничка Македонија“ продолжува со протестите
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува со протестите. Не сакаме двонационална и двојазична Македонија туку мултиетничка заедничка Македонија, порачаа на синоќешниот собир од граѓанската иницијативата.
-
Македонија 04.04.2017 12:51
СДСМ: Иванов да овозможи мирен трансфер на власта
Иванов да овозможи мирен трансфер на власта, велат од СДСМ. Лидерите и институциите на ЕУ, преку претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск побараа демократски начела, пристојност и здрав разум од Ѓорге Иванов.
-
Македонија 04.04.2017 12:49
ВМРО-ДПМНЕ: Неопходно е обединување околу највисоките национални и државни интереси
На Република Македонија неопходно и е обединување околу највисоките национални и државни интереси. Тоа го нуди Манифестот за единствена Република Македонија, кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ во интерес на државата, се наведува во денешното соопштението на партијата.
-
Македонија 04.04.2017 12:35
Во прекин патот Крива Паланка- Куманово поради сообраќајка
Поради сообраќајна несреќа, од 12:00 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка - Куманово кај местото викано „Просеченик“ е во прекин во двата правца.
-
Македонија 04.04.2017 12:12
СЈО: Во тек се проверки поврзани со финансиски истраги за поголем број физички и правни лица
Специјалното јавно обвинителство до различни институции испратило голем број барања заради податоци што се поврзани со предистражни постапки.
-
Македонија 04.04.2017 10:43
Амбасадорот на Албанија во Македонија повикан на средба во МНР
По зачестените навредливи изјави и коментари од официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија и нејзините граѓани, вчера на разговор во Министерството за надворешни работи бил повикан албанскиот амбасадор во земјава.










