• Македонија 03.01.2017 13:07

    Апанажа за пратениците од минатиот состав

    До крајот на јануари, 65 пратеници од минатиот состав, доколку не се вратат на старите работни места или се без работа, имаат право да поднесат барање до Собранието за надоместок на плата.

  • Македонија 03.01.2017 12:38

    Подобри услови за иноваторите

    Веќе осум години работи на пронајдоци, а има само 17. Прилепскиот средношколец Давид Лазароски со роботот за сложување на рубиковата коцка од првото учество на „Макинова“ се врати со златен медал. Вели, роботиката и технологијата се неговата и иднината на луѓето.

  • Македонија 03.01.2017 12:31

    Од четврток значителна промена на времето, снег и ниски температури

    Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат значителна промена на времето од четврток. Објаснуваат дека поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови на земјава.

  • Македонија 03.01.2017 12:22

    Течат роковите за формирање на новата Влада

    Се ситни предвидениот рок во кој претседателот Ѓорге Иванов треба да го додели мандатот за формирање на нова Влада по предвремените парламентарни избори од 11-ти декември.

  • Македонија 03.01.2017 09:52

    Опстојувањето е дел од мигрантската голгота

    Трнливиот пат и голготата по подобар живот, морничави ноќи непријатни случки, плачот на децата, инспирација ставена на хартија од сирискиот мигрант Шерко. Нескршливиот дух и покрај преживеаните трауми не го напушта Сириецот. Не е само желбата да се стигне до некоја од западните земји.

  • Македонија 03.01.2017 09:40

    Странски и домашни гости на планините

    Малку странски, повеќе домашни гости. Најмалите и младите во најголем број на Попова Шапка. Сите дојдени за чистиот воздух и топлото сонце. На оваа зимска убавица во овој јануари засега нема снег, но тоа не им пречи на љубителите на природата. Велат и вака е привлечна.

  • Македонија 03.01.2017 09:20

    Почна примената на електронските картички во јавниот превоз

    Корисниците на јавниот превоз од почетокот на годинава треба задолжително да поседуваат електронска картичка и за возење во возилата на приватните превозници.

  • Македонија 03.01.2017 09:17

    Сообраќајот по претежно суви коловози, можна голомразица

    Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози освен на повисоките планински осојничави места. Поради ниските утрински температури можна е појава на голомразица.

  • Македонија 03.01.2017 09:14

    Во Берово најстудено, во Маврово 7 сантиметри снег

    Најстудено утрово е во Берово, -12 степени, а максимален еден степен е измерен во Претор. Според информациите на УХМР, висината на снежната покривка во Маврово е 7, а во Лазарополе 5 сантиметри.

  • Македонија 03.01.2017 09:10

    Течат роковите за формирање Влада

    Течат роковите за формирање на новата Влада. Претседателот на земјава, Ѓорге Иванов, има уште околу една недела да го довери мандатот за состав на владата на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Pages