Во пожарот што избувна денеска околу девет часот во центарот на Скопје, зад „Дрводекор“ изгореа делови од магацин на сервис за вградување плински уреди и од барака со канцеларија.
-
Македонија 30.12.2016 11:30
-
Македонија 30.12.2016 10:49
Завршува првото полугодие, учениците на зимски распуст
За околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, денеска е последниот училишен ден од првото полугодие на 2016/2017 година. Зимскиот распуст ќе трае до 18 јануари 2017 кога ќе продолжи наставата.
-
Македонија 30.12.2016 10:19
Пожар во барака кај „Дрводекор“
Пожар избувна претпладнево во барака спроти „Дрводекор“ во Скопје.
Во тек е интервенција на екипи на противпожарната служба на Град Скопје за гаснење на пожарот.
Од противпожарната служба информираат дека во гаснењето на пожарот се вклучени осум возила.
-
Македонија 30.12.2016 08:48
Сообраќајот без забрани, слаб снег во Паланка, Маврово и Ѓавато
Сообраќајот низ државата се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег врне во Крива Паланка, Маврово и на планинскиот премин Ѓавато, а во источна Македонија дува засилен северен ветер.
-
Македонија 30.12.2016 08:45
Конститутивна седница на новиот состав на Собранието
Со верификација на мандатите на новоизбраните пратеници денеска треба да биде верификуван деветтиот состав на Собранието на Република Македонија. Според последните измени на Деловникот, со седницата треба да претседава претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски.
-
Македонија 29.12.2016 16:46
Координација во Собранието пред утрешната конститутивна седница
Во Собранието координација на претставниците на политичките партии за конститутивна седница. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека за нив нема дилема дека треба да ја води Трајко Вељаноски, како поранешен претседател на Собранието, бидејки, како што рече тој, тоа го предвидува Деловникот.
-
Македонија 29.12.2016 16:42
ВМРО-ДПМНЕ: Недозволиво е да се тргува со националните интереси на Македонија
ВМРО-ДПМНЕ се согласува со ставот на претседателот Иванов дека е недозволиво за политички или за лични цели некој во недостаток на реална програма да тргува со националните интереси за своја корист.
-
Македонија 29.12.2016 16:30
Се шири вирозниот грип
Дете се бори за живот на детската клиника поради компликациите кои му ги предизвика грипот. Вчера билo хоспитализирано. Доктор Софијанова вели вирусот се шири, а последниве денови се забележуваат случаи каде што го напаѓа централниот нервен систем.
-
Македонија 29.12.2016 16:10
Истражување на Агенцијата за медиуми: Граѓаните се информираат од повеќе извори
63 проценти од граѓаните сметаат дека медиумите често различно информираат за ист настан– покажува истражувањето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
-
Македонија 29.12.2016 15:26
Метео: Студено и ветровито
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно студено и ветровито време со умерен повремено засилен северен ветер.
Во наредните денови се очекува сончево студено и претежно стабилно време, а во текот на новогодишната ноќ ведро со температура околу -10 степени.










