Ниту СДСМ, ниту Зоран Заев не излегуваат со одбивање на Тиранската платформа и подготвени се да предводат влада базирана на темели на платформа формирана во странска држава, под диктат на странски премиер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 14.03.2017 13:02
-
Македонија 14.03.2017 12:54
Коѕиас и Тилерсон разговарале и за Македонија
Не разговаравме посебно за Скопје, но кога ги објаснив предизвиците за стабилноста во регионот, државниот секретар Тилерсон ја посочи нестабилноста која постои кај нашите северни соседи и заедничките напори таа да се стабилизира.
-
Македонија 14.03.2017 12:38
Истекува рокот за регистрирање на новите земјоделци
Истекува рокот за регистрирање на земјоделците и новите земјоделски фирми. До 15-ти март годинава ќе мора да се запишат во регистарот за земјоделски стопанства ако сакаат да добијат субвенции.
-
Македонија 14.03.2017 12:35
„За заедничка Македонија“ продолжува со протести
Продолжуваат протестите за унитарност на државата. Од граѓанската иницијатива„За заедничка Македонија“ најавуваат протести во 30-тина градови во земјава.
Организаторите велат, не отстапуваме од барањето за унитарна Македонија преку отфрлање на платформата. Очекуваат поголема масовност.
-
Македонија 14.03.2017 12:23
Европски парламент: Одложена расправата за напредокот на Македонија
Одлуката на Европскиот парламент можеше да се очекува, бидејќи тоа беше најавено како можност уште минатата недела. Иницијално расправата беше предвидена во среда и гласањето во четврток, заедно со распрвата за Црна Гора.
-
Македонија 14.03.2017 11:11
Јавно обвинителство: Постапка против висок службеник од Струмица
Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истражна постапка против носител на висока функција во општина Струмица. Постои сомнение дека ги злоупотребил службената положба и овластување.
-
Македонија 14.03.2017 10:53
МНР со осуда за навредливите изјави на официјални лица од Албанија
Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги осудува јавните настапи со навредлива и запаллива реторика на официјални лица на Република Албанија кои се однесуваат на Република Македонија, се вели во реакцијата на македонското МНР на изјавата на пратеничката во албанскиот Парламе
-
Македонија 14.03.2017 10:46
Нелегалниот лов на дивечот драстично намален
Дивокозите, дивите свињи, елените, муфлоните и еребиците стануваат препознатливи за македонските ловишта.
Со издавањето на ловиштата под концесија во последните години расте и бројот на дивечот до целосно пополнување на капацитетите.
-
Македонија 14.03.2017 08:11
Отворен за сообраќај граничниот премин Табановце
Граничниот премин Табановце на македонско-српската граница утринава е отворен за сообраќај, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Преминот од синоќа беше затворен поради дефект на системот за електрична енергија.
-
Македонија 14.03.2017 08:08
Годишно собрание на МАНУ
Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе го одржи своето 50-то Годишно собрание.
Експозе на тема „Македонската академија на науките и уметностите во 2016 и 2017 година“ ќе поднесе академик Таки Фити, претседател на Академијата.










