Раздвижено пред месарниците, слаткарниците и гифт-шоповите. Се брза да се купи сѐ што ќе биде потребно за новогодишната трпеза. За едните скапо за другите цените се исти, но велат треба да биде полна новогодишната трпеза. Месото е задолжително.
-
Македонија 27.12.2016 16:55
-
Македонија 27.12.2016 16:43
Метео: Снег на планините, пад на температурите
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно студено и ветровито време со силен северен ветер кој повремено ќе достигнува брзина од околу 100 километри на час особено на планинските предели.
Локално ќе има услови за провејување на слаб снег.
-
Македонија 27.12.2016 16:02
Средба Заев- Стафансон
Новата влада во Македонија мора да биде посветена на потребните реформски процеси, нотирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија, посочил претседателот на СДСМ, Заев на средбата со шведскиот амбасадор Стафансон.
-
Македонија 27.12.2016 15:59
Конституирање на Собранието по извештајот на ДИК за изборите
Државната изборна комисија во среда до Собранието треба да го достави извештајот за резултатите од предвремените парламентарни избори и освоените мандати, по што се очекува да биде одреден датумот на конституирањето на новиот состав на Парламентот.
-
Македонија 27.12.2016 15:51
Сезоната на грип подрани
За една недела во земјава од грип се разболеле 853 луѓе, покажуваат податоците на Институт за јавно здравје. Бројот на заболени е над неделниот праг во последните пет години, што укажува дека сезоната на вирусот почнала 3-4 недели пред очекуваното.
-
Македонија 27.12.2016 14:51
Подароци за децата од згрижувачките семејства
На 60 дечиња сместени во згрижувачки семејства им се исполнија новогодишните желби. Секое од нив имаше различни барања до најпосакуваниот дедо меѓу децата. И згрижувачите задоволни.
-
Македонија 27.12.2016 14:35
„Центар се грижи за возрасните“ - нов проект на општина Центар
Општина Центар почна со нов проект за субвенции за медицинска грижа на 120 возрасни лица над 64 години.
-
Македонија 27.12.2016 13:32
УХМР: Снег на планините, студено и ветровито
Повеќе врнежи од дожд и снег во западна Македонија и формирање снежна покривка на планините, најави за попладне Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Снег ќе има и на некои повисоки места, над 600 метри надморска височина.
-
Македонија 27.12.2016 13:26
Шест возила поради голомразица излизгани од патот Охрид - Кичево
Пет патнички и едно товарно возило се излизгаа од коловозот на магистралниот пат Охрид-Кичево на потегот од Ново Село до планинскиот превој Пресека. Нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета, информираше Секторот за внатрешни работи - Охрид.
-
Македонија 27.12.2016 13:23
Ќе се гради тениски спортски центар во Општина Аеродром
Потпишан договор за изградба на тениски спортски центар во Општина Аеродром. Инвестицијата ќе се реализира преку јавно- приватно партнерство и ќе чини над 2 милиони евра.










