Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) до петок времето ќе биде претежно сончево и топло, викендот особено во недела можни врнежи од дожд, а на повисоките места снег.
-
Македонија 15.02.2017 13:03
-
Македонија 15.02.2017 10:28
ОМД: Да се формира стабилна влада, но без уцени
Се следат со голем интерес актуелните политички збиднувања во земјава. Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) поддржува формирање стабилна влада и излез од двегодишната криза, но политичарите не смеат да ги прифаќаат уцените кои им ги наметнуваат коалиционите партнери.
-
Македонија 15.02.2017 10:25
Кавадарци: Јавна расправа за решенија против загадувањето
Кавадарци денеска организира јавна расправа на која ќе се бараат решенија против загадувањето на воздухот со микрочестички.
Во земјава, оваа општина, како и Скопје и Тетово, најмногу се погодени од аерозагадувањето.
-
Македонија 15.02.2017 10:19
Нивото на Охридско Езеро еден сантиметар над дозволениот минимум
Нивото на Охридското Езеро е еден сантиметар над дозволениот минимум, соопшти денеска УХМР.
Неделната хидролошка информација покажува и дека водостоите на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, како и на Треска кај Македонски Брод, се над просекот за февруари.
-
Македонија 15.02.2017 10:18
Финансиска поддршка од ЕУ за унапредување на водоводниот систем во Гевгелија
Во Гевгелија почнува реализацијата на унапредување на водоводниот систем преку европските претпристапни фондови. Вкупната вредност на проектот изнесува 1,7 милиони евра.
Ќе се градат бунари, пумпи, станици за хлорирање, водоводна мрежа и резервоар од илјада кубни метри.
-
Македонија 15.02.2017 10:13
Евзони и натаму блокиран, Дојран отворен само за патнички возила
И натаму е блокиран Евзони, главниот македонски премин кон Грција, поради штрајкот на грчките земјоделци. Преминот Меџитлија, кај Битола е отворен за сообраќај за сите возила, а Дојран само за патнички, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
-
Македонија 14.02.2017 16:50
Одбележан Свети Валентин: Цвеќиња и подароци за Денот на вљубените
Поводот за бакнеж и прегратка ги спојува обичаите и религиите. Католичкиот празник Свети Валентин, заштитник на вљубените, и годинава одбележан од помладите кои веруваат во љубов, сакаат и сакаат да бидат сакани. Вино, вкусни колачиња, рози и балони.
-
Македонија 14.02.2017 16:33
Македонските лозари го празнуваат Свети Трифун
Со вино и музика, македонските лозари го прославија Свети Трифун. На празникот на вербата во плоден род и добро вино, се закројуваат лозите. Мераклиите на пијалокот на боговите, се надеваат на бериќетна година.
-
Македонија 14.02.2017 16:08
ДУИ го разгледува документот од СДСМ
Во Мала Речица се разгледува документот испратен од Бихаќка. Од ДУИ не сакаат ништо да коментираат. Од СДСМ велат- ќе овозможи брзо собирање на потребните потписи за мнозинство. Ниту Социјадемократите ниту Интегративците не ја откриваат содржината.
-
Македонија 14.02.2017 15:57
Советот ја одложи расправата за судијата Џолев
Судијата Иван Џолев дојде во Советот за утврдување факти за нова преставка против него, но, на претседателот на Комисијата, Јордан Лазаров, му пренесе дека му поднесол кривична пријава за злоупотреба на службената должност.









