Едно лице загина вчера при утовар на огревни дрва во вагон во Кичево, соопшти денеска полицијата.
Д.Ј. (50) од Охрид вчера околу 13:20 часот на железничката станица во Кичево при утовар на огревни дрва во вагон од камион „Мерцедес“ со охридски регистерски ознаки, паднал и починал.










