Судот ги задолжи бранителите на експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, да достават писмен одговор на тужбата за мобинг што против него ја поднесе Горан Стаменковски.
-
Македонија 07.02.2017 15:48
-
Македонија 07.02.2017 15:40
Екологисти: Итни мерки за спречување на аерозагадувањето
Воведувањето бесплатен градски превоз е добра мерка, но со тоа нема да се постигнат никакви резултати доколку целосно не се забрани движењето на автомобилите во централното градско подрачје, истакнаа екологистите.
-
Македонија 07.02.2017 15:36
Преполни автобуси, но и густ сообраќај
Преполни автобуси, но и густ сообраќај на првиот ден од примената на мерката бесплатен превоз. Иако новата мерка требаше да ги стимулира возачите да ги остават автомобилите дома сепак камерата на МТВ регистрира голем број на возила.
-
Македонија 07.02.2017 13:59
Град Скопје: Помасовно да се користи бесплатниот јавен превоз
Помасовно да се користи бесплатниот јавен превоз од граѓаните во Скопје, да се остават автомобилите и да се користат бесплатните услуги на јавните превозници во овој период на голема загаденост на воздухот, апелираат од Град Скопје.
-
Македонија 07.02.2017 13:41
Коцијанчич: Хан во Скопје ќе се сретне со политичките лидери
Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, в четврток во Скопје ќе се сретне и со лидерите на политичките партии што освоија место во македонското Собрание.
-
Македонија 07.02.2017 13:25
МОН додели стипендии за студенти по хемија, физика и математика
Министерството за образование за прв пат додели стипендии за студенти запишани на додипломски студии по хемија, физика и математика. На 95 студенти ќе им се исплаќаат по 18 илјади денари, девет месеци во годината.
-
Македонија 07.02.2017 13:01
Се воведува нов систем за рано предупредување од опасни појави
Се воведува нов прекуграничен систем за рано алармирање за повеќе опасни појави. Преку виртуелна платформа, ќе се добиваат точни прогнози и предупредувања. Ќе се овозможи подобро справување со поплавите, сушите и топлотните бранови кои често го погодуваат регионот на Југоисточна Европа.
-
Македонија 07.02.2017 12:42
Денеска резултати од екстерното тестирање на матурантите
Во средните училишта денеска ќе бидат објавени резултатите од екстерното тестирање на учениците од завршните години.
-
Македонија 07.02.2017 11:43
Метео: Сончево со мала до умерена облачност, температурите во опаѓање
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Почести сончеви периоди се очекуваат на југот од земјата, а температурите ќе бидат во опаѓање.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 07.02.2017 11:39
Бесплатен јавен превоз во Скопје
Град Скопје воведe бесплатен јавен превоз во сите автобуси на ЈСП Скопје и кај приватните превозници за сите граѓани на територија на Скопје сѐ до моментот на намалување на аерозагадувањето.
Превозот ќе биде бесплатен сѐ додека аерозагадувањето не се намали до дозволеното ниво.










