Министерството за образование за прв пат додели стипендии за студенти запишани на додипломски студии по хемија, физика и математика. На 95 студенти ќе им се исплаќаат по 18 илјади денари, девет месеци во годината.
-
Македонија 07.02.2017 13:25
-
Македонија 07.02.2017 13:01
Се воведува нов систем за рано предупредување од опасни појави
Се воведува нов прекуграничен систем за рано алармирање за повеќе опасни појави. Преку виртуелна платформа, ќе се добиваат точни прогнози и предупредувања. Ќе се овозможи подобро справување со поплавите, сушите и топлотните бранови кои често го погодуваат регионот на Југоисточна Европа.
-
Македонија 07.02.2017 12:42
Денеска резултати од екстерното тестирање на матурантите
Во средните училишта денеска ќе бидат објавени резултатите од екстерното тестирање на учениците од завршните години.
-
Македонија 07.02.2017 11:43
Метео: Сончево со мала до умерена облачност, температурите во опаѓање
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Почести сончеви периоди се очекуваат на југот од земјата, а температурите ќе бидат во опаѓање.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 07.02.2017 11:39
Бесплатен јавен превоз во Скопје
Град Скопје воведe бесплатен јавен превоз во сите автобуси на ЈСП Скопје и кај приватните превозници за сите граѓани на територија на Скопје сѐ до моментот на намалување на аерозагадувањето.
Превозот ќе биде бесплатен сѐ додека аерозагадувањето не се намали до дозволеното ниво.
-
Македонија 07.02.2017 10:48
УХМР: Се зголемуваат водостоите на реките
Водостоите на сите водотеци во Македонија се во тренд на покачување како последица од топењето на снегот и поинтензитивните температури на воздухот проследени со врнежи од дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-
Македонија 07.02.2017 10:12
МНР побара став од Вашингтон за изјавите на конгресменот Рохрабакер
МНР побара став од Вашингтон за изјавите на конгресменот Дана Рохрабакер изнесени во интервју за „Визион плус“ од Тирана. Конгресменот e член на Комитетот за надворешни работи и претседател на Поткомитетот за европски работи.
-
Македонија 07.02.2017 08:52
Сообраќајот во прекин на Евзони, магла на Кула и кај Петровец
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Поради појава на магла, видливоста е намалена на 30-50 метри во Павлешенци и 50-100 метри на Кула и на патниот правец Петровец – Хиподром.
-
Македонија 07.02.2017 08:32
Аерозагадувањето во Скопје и денеска над дозволеното
Воздухот утрово е загаден само во Скопје. Во другите градови се измерени концентрации на ПМ10- честичките во рамки на максимално дозволените граници до 50 микрограми на метар кубен.
-
Македонија 06.02.2017 16:24
Бесплатен јавен превоз сѐ додека е висока концентрацијата на ПМ- честичките
Со мерки и препораки кои се во насока на намалување на загадувањето на воздухот излезе Град Скопје. Бесплатен јавен превоз ќе има за сите граѓани. Oваа мерка ќе важи се до моментот на намалување на аерозагадувањето.










