Десетти ден конститутивна собраниска седница. Социјал-демократите инсистираат да се гласа за претседател на Собранието.
-
Македонија 10.04.2017 16:21
-
Македонија 10.04.2017 16:05
Метео: Сончево време со мала до умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе достигне до 25 степени.
Попладне ќе настапи локално наоблачување проследено со услови за слаб дожд повеќе на планинските предели и на некои повисоки места.
-
Македонија 10.04.2017 15:43
Последен ден од Саемот на книга: Најбарани бестселерите и автобиографиите
Штандовите полни, граѓаните ја користат последната можност да купат добра книга. Вака беше на последниот ден од 29-то издание на Меѓународниот Саем на книгата во Скопје. Издавачите задоволни од посетеноста. Велат- македонците сакаат да читаат различни жанрови.
-
Македонија 10.04.2017 15:36
25 години Артилеријски баталјон во Прилепската касарна
Пред точно 25 години со указ на претседателот и врховен командант, токму во прилепската касарна е формиран вториот мешовит артилеријски полк како прва артилеријска единица на АРМ. Секоја година сеобучуваа 4 генерации регрути, а три години фунционираше и школата за резервни офицери.
-
Македонија 10.04.2017 15:30
Студентите се вселуваат во реновираниот Блок А од „Гоце Делчев“
Студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ почнаа да се вселуваат во обновениот Блок А. Нов мебел, нови прозoрци, лифт, парно - подобри услови за школување.
-
Македонија 10.04.2017 15:07
Ново продолжение на конститутивната седница
Во Собранието, продолжи конститутивната седница. На дневен ред е предлогот за состав на Комисијата за избори и именувања. Реплики за Тиранската платформа, процедурални забелешки– кој е патриот, а кој предавник. Ова беа главните пораки од салата во Закодавниот дом.
-
Македонија 10.04.2017 14:00
Врховен суд: СЈО одбива соработка
Специјалното јавно обвинителство одбива соработка со Врховниот суд во земјава, бидејќи сѐ уште не одговорило на барањето на судот за информација поврзана со незаконското следење на комуникациите, инфорнираат од оваа судска инстанца во земјава.
-
Македонија 10.04.2017 13:46
ЕК очекува избор на нов спикер и на нова влада без одложување
„Европската комисија очекува избор на нов спикер и на нова влада без одложување“ – е пораката од Брисел. Оттаму очекуваат сите политички лидери и институции да дозволат да се одвиваат демократските процеси.
-
Македонија 10.04.2017 13:24
МНР побара потврда на информациите за почесниот конзул во Шпанија
Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека преку Амбасадата во Мадрид е побарана верификација на информациите објавени во шпанските медиуми за наводно апсење на почесниот конзул на РМ во Барселона, Марио Деус, обвинет за убиство на двете малолeтни деца, од Министерст
-
Македонија 10.04.2017 12:54
СДСМ: Мирен трансфер на власта е врвен државен интерес
Многу брзо ќе биде избран новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска влада на граѓаните на унитарна Македонија, согласно деловникот, Уставот и законите во Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.










