11-ти Октомври е денот којшто во нашата понова историја е забележан како голем настан поврзан со слободарскиот и револуционерен дух на македонскиот народ.
-
Македонија 12.10.2016 10:05
-
Македонија 10.10.2016 17:07
Протест на кандидати за полицајци
Пред МВР протестираа 34-ца кандидати за полицајци, кои, како што велат, иако ги поминале сите тестови на претпоследниот јавен конкурс од минатата година, не се примени на работа поради ограничениот број вработувања.
-
Македонија 10.10.2016 16:52
Слепите лица го добија првиот телефонски именик на Брајово писмо
Именик кој многу ќе ни помогне во секојдневното социјално функционирање- вели Миле Гилевски. Задоволен е што прв ја имаше можноста да ја
почувствува привелигијата на оваа алатка за слепите напишана на Брајовото писмо кое за жал многу малку е застапено во литература.
-
Македонија 10.10.2016 16:42
Во пунктот Момин поток поделена храна и облека за бездомниците
Чинија топла зготвена храна, тазе леб и салата за едни секојдневие, но за други посебна пригода. Еднаш во седум дена бездомниците во Скопје добиваат топол оброк специјално подготвен за нив, и имаат можност да се искапат.
-
Македонија 10.10.2016 16:27
Пронајдени човечки черепи и коски во дворот на Ахмети во Зајас
Во дворот на куќата на семејството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во селото Зајас, пронајдени се човечки черепи и коски од екстремитети за кои се претпставува дека се од масовна гробница од 1913 година.
-
Македонија 10.10.2016 16:00
МАНУ очекува фер и демократски избори, како и влада која ќе се справи со проблемите
МАНУ сака да помогне во надминување на политичката криза. Претседателот на академијата вели дека проблемите нема да се решат преку ноќ, но дека академиците се тука да работат со предизвиците пред кои е исправена Македонија.
-
Македонија 10.10.2016 15:47
Метео: Облачно и врнежливо
Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд на места пообилни особено во попладневните и вечерните часови.
Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон среда. Локално се очекува да наврне над 20 литри на метар квадратен количина воден талог.
-
Македонија 10.10.2016 15:46
Во пресрет на 11-ти Октомври, Прилеп посебно горд на улогата што ја има
75 години потоа Македонија и Прилеп се потсетуваат: Со нападот на тогашната полициска станица- Участакот, денес музеј, почна народното четиригодишно востание. Прилепчани, без исклучок, горди на улогата што ја имаат градот и неговите жители.
-
Македонија 10.10.2016 15:05
Ристовски: Владата во целост ќе ги покрие трошоците за достапност на ЕБСКО базата
Базата на податоци ЕБСКО досега беше делумно бесплатна, а во наредната учебна година, во периодот 2016-2017 ќе биде целосно достапна за околу 100-на илјади истражувачи, порача заменик министерот за образование, Спиро Ристовски. За таа цел, владата обезбеди 75 илјади долари.
-
Македонија 10.10.2016 14:59
Заклетва на питомци и промоција на потпоручници на Воената академија
Сите мали работи кои ги извршувавме сите овие години, влијаеа при формирање на тоа што сме денес- здрав и добронасочен офицер, кој за кратко време треба да се соочи со предизвиците на модерното војување. Во името на новата 16 класа се обрати прворангираниот, Михајло Тошевски.










