Од 12:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Претходно, во 11:45 часот беше укината и забраната за сообраќај за камиони на планинскиот превој Плетвар.
Од 12:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Претходно, во 11:45 часот беше укината и забраната за сообраќај за камиони на планинскиот превој Плетвар.
Главната констатација на Советодавниот комитет е дека „општеството останува длабоко поделено, со малку размена меѓу двете најголеми етнички заедници, Македонците и Албанците“.
Целосно е реализиран проектот за обнова и конзервација на црквата „Свети Пророк Илија“ од 19 век, која е своевиден симбол на градот Дојран, информираат од Министерството за култура.
Во Маврово утрово е најстудено, -20 степени, и има најмногу снег, 68 сантиметри.
Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ фрлија 250 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица.
Според препораките на здравствените власти, бремените жени и хронично болните лица над 60 години поради екстремно ниските температури и денеска треба да бидат ослободени од работа, а за работите на отворено да се реорганизира работното време.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. Како што соопшти АМСМ, поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.
Починатиот 68- годишен бездомник веројатно е првата жртва на поларниот студ. Ова се првичните претпоставки. Телото е дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта која ја пријавил негов пријател, исто така, бездомник. Полицијата разговарала и со синот на починатиот.
Членовите на четирите грански синдикати кои пред една недела беа исклучени од ССМ излегоа на протест затоа што не им било дозволено да влезат во зградата на синдикатите.
Грип, вирусни заболувања, дефекти, замрзнати воедомери и инсталации. Студот и поларните температури го земаат данокот во секојдневието на прилепчани. Во Итната помош има двојно повеќе интервенции, преку 200 во денот.