Утре во Македонија повторно ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
На места ќе има услови за краткотраен локален дожд, а ќе дува и умерен ветер од северен правец.
Утре во Македонија повторно ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
На места ќе има услови за краткотраен локален дожд, а ќе дува и умерен ветер од северен правец.
Играната ТВ детска серија „Пет плус“ инспирирана од авантурите на познатиот лик Петко повторно се враќа на малите екрани, овој пат на јавниот сервис. Најмладата генерација од средината на октомври ќе ужива во 40 нови епизоди во кои се прикажани лудориите на Петко и неговите пријатели.
110 деца во Македонија имаат нарушен раст и примаат хормон. Има и деца кои сѐ уште чекаат да започнат со лекување. Од Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ укажуваат на овој здравствен проблем со кој се соочуваат како родители во лекувањето на нивните деца.
Паралелно, во македонското и италијанското обвинителство, во тек се истражните активности поврзани со несреќата со италијанскиот Пајпер во која загинаа шест патника, меѓу кои еден беше и пилот.
Министерството за одбрана го објави конкурсот за пополнување на 25 работни места во Армијата на Република Македонија, од специфични дејности. На конкурсот се бараат лица кои имаат завршено најмалку додипломски студии, кои по завршувањето на стручното оспособување и усовршување т.н.
Земјотрес со магнитуда од 1,9 степени соред Рихтеровата скала денеска во 13 часот и 20 минути е регистриран во Скопје и околината, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Специјалниот посредник за разликите со името Метју Нимиц во петок во Њујорк ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.
Делегацијата на националната гарда на Вермонт, предводена од генерал-мајор Стивен Креј, заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски во текот на денешниот ден ја посетија јужната граница на Република Македонија.
На 20.09.2016 година околу 01,20 часот во село Градец во помошната просторија од куќата, додека Ш.Б.(71) и неговата сопруга А.Б.(69) спиеле влегле четири непознати маскирани лица кои им ги врзале рацете и устата и извршиле кражба.
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во петок во Њујорк ќе се сретне со медијаторот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц.
Ова денеска го јави грчката државна телевизија ЕРТ повикувајќи се на „извори во грчкото Министерство за надворешни работи“.