Во Македонија има околу 2.300 луѓе кои имаат оштетен вид. Во Скопје, во просториите на Црвениот крст, е отворен првиот центар за поддршка на луѓе со оштетен вид во Македонија. Ќе работи секој ден, а во план е слични центри да се отворат и во другите градови.
-
Македонија 21.12.2016 14:37
-
Македонија 21.12.2016 14:22
Кампања на СВР Скопје за опасноста од употреба на петарди
Одделението за превенција при СВР Скопје во пресрет на новогодишните и божиќните празници, ќе ја реализира кампањата - „Среќна и безбедна 2017 година - во семејно и пријателско дружење“.
-
Македонија 21.12.2016 13:50
Книга на жалост за жртвите од терористичкиот напад во Берлин
Германската амбасада во Скопје отвори книга на жалост за сочувство за жртвите од терористичкиот напад во Берлин што се случи пред два дена.
-
Македонија 21.12.2016 12:46
Кирби: Вашингтон загрижен за политичките тензии во Македонија
Упатуваме апел до политичките лидери во Македонија да престанат со нападите, да ги почитуваат демократските процеси и да дозволат формирање кредибилна и стабилна влада. Ова е ставот на Стејт Департментот што го пренесе портпаролот Кирби.
-
Македонија 21.12.2016 11:55
Нови светлосни сообраќајни знаци на улиците во Скопје
Екипите на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат нови светлосни знаци на порталните столбови на градските крстосници.
-
Македонија 21.12.2016 11:39
По трет пат одложено судското рочиште против Павле Богоевски
Одложено и третото судско рочиште против Павле Богоевски кој се товари за нанесување штета на Министерството за култура при протестите на Шарената револуција.
-
Македонија 21.12.2016 11:11
ОМД: Партиските лидери да се фокусираат на националните интереси
Обединетата Македонска дијаспора апелира до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ги остават личните интереси и да се фокусираат на националните и државните интереси.
-
Македонија 21.12.2016 11:06
ДИК треба да реши дали ќе се преглсува во Теарце
По одлуката на Управниот суд да прифати една тужба со која се поништува гласањето на избирачкото место 2011 во Теарце, Државната изборна комисија треба да направи симулација дали прегласувањето ќе влијае на вкупните резултати од изборите на 11-ти декември.
-
Македонија 21.12.2016 10:47
Почнува зимата
Во 11 часот и 44 минути на северната хемисфера почнува зимата. Истовремено на јужната земјина полутопка ќе почне летото.
На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат сончево и студено време со слаб ветер.
-
Македонија 20.12.2016 20:10
Управниот суд прифати по една тужба од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, останатите ги одби
Во недела ќе се прегласува во општина Теарце. Попладнево Управниот суд ја уважи тужбата на СДСМ за избирачкото место 2011 во 6-та изборна единица. Се преиначува решението на Државната изборна комисија по приговорот на коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.









