Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат во вториот круг од осмите по ред локални избори. Се гласаше во вкупно 32 општини и во Градот Скопје. Од ДИК потврдија дека избирачкиот ден помина непречено и без поголеми нерегуларности.
-
Македонија 02.11.2025 19:24
-
Македонија 02.11.2025 18:56
Мирен изборен ден во Тиквешијата со излезност како во првиот круг
Вториот круг од локалните избори, за градоначалник во Тиквешијата минува мирно, без реакции за нарушување на изборниот процес. Граѓаните на Неготино, Демир Капија и Росоман со излезност приближна како во првиот круг. Во Росоман до 15 ч. Излезноста беше 48% а пред две седмици 46%.
-
Македонија 02.11.2025 18:38
Локални избори 2025 – Отворено студио
Финале на Локалните избори. Втор и последен круг. Граѓаните одлучуваат кој ќе ја довербата да го води Градот Скопје и останатите 32 општини. Директни вклучувања и овој па во Државната изборна комисија и партиските штабови. Графички приказ на резултатите.
-
Македонија 02.11.2025 18:32
Кичевци го остваруваат своето право на глас, гласањето тече без проблеми
Голема раздвиженост во вториот изборен круг во Кичево. Излезеноста засега е над 40 проценти, според последните податоци на ДИК. Гласањето засега тече без проблеми, а кичевци имаат големи очекувања од идниот градоначалник.
Борис Грујоски известува од Кичево
-
Македонија 02.11.2025 18:20
Гласањето во Крушево се одвива непречено
Во вториот круг од изборите до 15 часот, најголема излезност има во Крушево. За два проценти повеќе граѓани излегле од првиот круг. Елизабета Митреска се јавува од највисокиот град на Балканот.
-
Македонија 02.11.2025 18:14
ДИК: 34,62 проценти излезност до 17 часот
Вториот круг од гласањето на локалните избори во Македонија се одвива без проблеми, во мирна атмосфера. Се гласа во вкупно 32 општини и во Градот Скопје.
-
Македонија 02.11.2025 18:00
Тетовци го остваруваат своето право на глас
Екипите на Македонската телевизија се распоредени низ различни избирачки места каде се гласа во вториот круг од локалните избори.
Миле А. Ристески се јавува од Тетово, каде граѓаните избираат градоначалник на општината.
-
Македонија 02.11.2025 17:41
Гласањето во Општина Карпош без проблеми
И жителите на Општина Карпош денеска избираат кој ќе биде градоначалник. Како се одвива изборниот процес, известува Анита Никушева.
-
Македонија 02.11.2025 17:37
Жителите на Гази Баба го остваруваат своето избирачко право
Гласањето на вториот круг од локалните избори почнува во 7 часот и трае непрекинато до 19 часот. Освен во четирите општини каде се избира кој ќе раководи со општината, во преостанатите граѓаните гласаат за градоначалник на главниот град.
Ана Јосифоска известува од Гази Баба
-
Македонија 02.11.2025 17:24
ДИК: Одѕивот на ниво на држава до 15 часот е 30,26 насто
Остануваат уште помалку од 2 часа до затворање на избирачките места во вториот круг локални избори. Граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во Град Скопје. Право на глас имаат 1.013.375 гласачи. Излезноста е речиси на ниво како и во првиот круг.










