Во вториот круг се решава и за изборот на градоначалник во општина Могила. Александра Максимовска известува, како се одвива гласањето во Могила.
Во вториот круг се решава и за изборот на градоначалник во општина Могила. Александра Максимовска известува, како се одвива гласањето во Могила.
Градоначалник избираат и жителите на општината Аеродром. Таму гласачките места беа отворени навреме и граѓаните непречено го остваруваат своето уставно загарантирано право за учество во изборниот процес.
Елизабета Кузмановска известува од Аеродром.
Во вториот круг се гласа во 4 скопски општини и во градот Скопје. И општина Центар денеска избира кој ќе раководи со општината во наредните четири години.
Известува Елизабета Мемиќ.
За вториот круг на локалните избори акредитирани се 1.598 набљудувачи од кои 933 домашни, 651 меѓународен и 14 странски новинари, соопшти на седница Државната изборна комисија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.
Во Скопје, преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари.
Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, до 20:00 часот гласале 3327 гласачи.