Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд на места пообилни особено во попладневните и вечерните часови.
Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон среда. Локално се очекува да наврне над 20 литри на метар квадратен количина воден талог.










