Сериозна загриженост за ситуацијата во Македонија поради отсуството на напредок во спроведувањето на политичкиот договор изразија денеска амбасадорите на земјите- членки на Европската Унија. Тие ја нагласија потребата од што побрзо изнаоѓање решение.
-
Македонија 01.07.2016 11:52
-
Македонија 01.07.2016 11:06
ОЈО Скопје предложи мерки на претпазливост за 13 лица вработени во Катастар
Скопското Јавно обвинителство предложи мерки на претпазливост за 13 лица од Скопје, вработени во Агенцијата за катастар на недвижности поради сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 од Кривичниот законик.
-
Македонија 01.07.2016 10:55
Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка на патот Неготино- Демир Капија
Маж загина, а жена и три деца се повредени во сообраќајна несреќа која утринава се случила на автопатот А1 Неготино- Демир Капија, во близина на хотел „Парк“.
-
Македонија 01.07.2016 10:12
Времен режим за тешки товарни возила во летниот период
Од денеска почнува да се применува времен режим на сообраќај во летниот период на државните патишта во земјава со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти Авто-мото со
-
Македонија 01.07.2016 10:00
Собраниска делегација на 25 сесија на ПС на ОБСЕ
Делегација на македонското Собрание предводена од пратеникот Владимир Ѓорчев, член на делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ, од денеска до 5-ти јули ќе учествува на 25-годишна сесија во Тбилиси, Грузија.
-
Македонија 01.07.2016 09:45
Субвенции за осигурување на земјоделското производство
До 31-ви август земјоделците кои сакаат да го осигураат родот треба да поднесат барање во подрачната единица на Министерството каде што е регистрирано стопанство.
Субвенцијата е 60 проценти од вредноста на полисата.
-
Македонија 30.06.2016 16:27
Заврши реконструкцијата на мостовите долж Коридорот 10
64 мостови се обновени на македонскиот дел од Коридор 10, со финансиска поддршка на НАТО и на КФОР. Санацијата на мостовите се одвивала во три фази. Во првата беа обновени мостовите на автопатската делница од Катланово до Велес и делницата Скопје- Блаце.
-
Македонија 30.06.2016 15:57
Расправии и тензии на изборот за нов претседател на Студентскиот парламент
Во тензична атмосфера се одржаа изборите за нов студентски лидер на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Членовите на Пленумот го блокираа изјаснувањето. Не им дозволуваат на студенти да гласаат поради тоа што велат дека нема услови - немало паравани и печат на избирачките ливчиња.
-
Македонија 30.06.2016 15:51
Избирачкиот список, пописот, економијата- во фокус на пратеничките прашања
Паралелно со преговорите меѓу партиите, избирачкиот список на дневен ред и на јунската седница за пратенички прашања. Според независната, Солза Грчева, земјава сѐ уште нема кредибилен избирачки список, а тој, според неа, може да се оформи само преку спроведување на попис на населението.
-
Македонија 30.06.2016 15:26
Тодоров и Попоски, нови заменици претседатели на Владата
Министрите за здравство и за надворешни работи Никола Тодоров и Никола Попоски се именувани и за заменици претседатели на Владата на Република Македонија.
Ова е објавено на веб-страницата на Владата на Република Македонија.









