• Македонија 16.04.2016 10:54

    Вељаноски ги повика ОБСЕ, ЕП И СЕ да ги набљудуваат изборите

    Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Илка Канерва, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Педро Аграмунт и претседателот на

  • Македонија 16.04.2016 10:04

    Хан: Партиите да се вратат на преговарачка маса

    Европската Унија сака да ги продлабочи односите со соседите, да промовира стабилност и да поддржува демократски и економски реформи, изјави еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан во обраќањето во институтот „Брукингс“ во Вашингтон.

  • Македонија 15.04.2016 16:59

    Претседателот Иванов останува на донесената одлука за помилување

    Претседателот Иванов остана на својата одлука за помилувањата, смета дека е од државен интерес на Ммакедонија. Рече дека оние кои се незадоволни, можат индивидуално да реагираат до претседателскиот кабинет.

  • Македонија 15.04.2016 16:44

    Партиите бараат Иванов да ја преиспита одлуката

    ВМРО-ДПМНЕ предлага четирите најголеми политички партии да му испратат заедничко писмо на претседателот Иванов, со барање да се преиспита одлука за прекинување на кривичните постапки.

  • Македонија 15.04.2016 16:29

    Заев: СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори

    СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори, какви што ќе бидат тие на 5-ти јуни, ниту такви избори ќе дозволи, можни се само регуларни избори, со пречистен избирачки список и медиумски реформи, рекол претседателот на Социјал-демократите Зоран Заев на средбата со амбасадорот на Холандија, Ваутер

  • Македонија 15.04.2016 15:53

    Започнува мониторингот на медиумското известување за изборите

    Стартува мониторингот на медиумското известување за предвремените парламентарни избори. Тим од 20 членови од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, 24 часа ќе ја следат програмата на националните телевизии и радија, но не и на интернет страниците.

  • Македонија 15.04.2016 15:34

    Орав: Да не се дозволи ескалација на кризата

    Европската унија апелира до сите политички актери да не дозволат ескалација на кризата, бидејќи тоа ќе ја оддалечи земјава од евро-атлантските интеграции. Евроамбасадорот Авио Орав повторно ги повика политичарите да се вратат на преговарачка маса.

  • Македонија 15.04.2016 15:16

    Отворен ден на УКИМ, средношколците се запознаа со студиските програми

    Средношколците пред одлука за својата кариера. Дел од нив веќе се решиле за  професијата  која сакаат да ја учат, други се уште се двоумат. На штандови во кампусот на универзитеот „Свети Кирил и Методиј“, средношколците можеа да се запознаат со  студиските програми на факултетите.

  • Македонија 15.04.2016 15:02

    „Чаушот“ седна на обвинителна клупа

    Не ги виделе доказите, па побараа одложување на судскиот процес за да можат да состават одбрана. Зекир Бекири, викан Чауш и неговиот брат Имер седнаа на обвинителна клупа. Им се суди за случајот Фабрика за афери, односно за печатење лажни лични карти, пасоши и други документи.

  • Македонија 15.04.2016 14:52

    Пет полицајци повредени во вчерашните протести

    Пет униформирани полициски службеници се повредени во вчерашните протести во Скопје. Укажана им е лекарска помош во ГОБ - Св. „Наум Охридски“ каде што им се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување, соопшти денеска МВР.

Pages